Што се тоа калории?

Како годините поминуваат, калориите им предизвикуваат бес на многумина – луѓето ги бројат и ги скратуваат, читајќи го составот на позадинските етикети од производите во маркетите. Сте се запрашале ли некогаш што се тоа калории?

 

Калориите претставувааат единица енергија. Најчесто ги поврзуваме со храна, но тие се однесуваат на се што содржи енергија.

На пример 1 литар бензин содржи  7 750 (кило) калории. 

 

1 калорија е количина на енергија или топлина, која ја зголемува температурата на 1 грам вода за 1 степен целзиусов. 1 калорија = 4,184 џули. 

 

Ако на позадината не некој пијалок пишува дека тој содржи 200 калории, излегува дека енергетската вредност  на продуктот е изразена во килокалории ( 1000 калории = 1 килокалорија), односно вредноста во калории е 200000.

Килокалориите се користат и за изразување на енергетската вредност на храната и на нашиот потребен дневен влез, па затоа не треба да не плаши ова.

 

ШТО ПРАВАТ КАЛОРИИТЕ?

За да може човекот да преживее — да диши, да мрда, да мисли, да пумпа крв – потербна му е енергија, која најчесто ја добива од храната. Бројот на калориите во храната се мерило на колкава потенцијална енергија поседува таа храна.

1 грам јаглехидрати = 4 калории

1 грам протеини = 4 калории

1 грам масти = 9 калории

 

Храната е составена од  овие 3 компоненти, па затоа ако знаете колку јаглехидрати, протеини и масти содржи  одредена храна, ќе можете да ги пресметате и калориите.

 


На пр. на позадината на 100 гр. овес пишува дека има состав од  2 гр. масти, 4 гр. протеини и 32 гр. јаглехидрати, па енергетската вредност му е 162 калории.

Од овие 18 cal доаѓаат од мастите (9 cal x 2 гр.), 16 cal од протеините (4 cal x 4 гр.) и 128 од јаглехидратите (4 cal x 32гр.).


 

Нашето тело ги "троши" калориите преку метаболитички процес, каде ензимите ги разложуваат јаглехидратите во глукоза и други шеќери, мастите во глицерол и во масни киселини, а протеините во аминокиселини. Овие  молекули се пренесуваат преку крвотокот каде што се носат во клетките и се претвораат во енергија.

ПОТЕРБИТЕ НА ОРГАНИЗМОТ

Најверојатно сте виделе на етикетата на некој производ % на калории базирано на диета од 2000 калории. Но оваа бројка е само груба претпоставка за личноста што мора да изеде за еден ден, но вистинската потреба зависи од тежината, полот, возраста и нивото на активност. Постојат 3 главни фактори во пресметувањето на дневните потрби:

  •       – Основни метаболитички потреби
  •       – Физичка активност
  •       – Термичкиот ефект на храната

 

Основните метаболитички потреби претставуваат количество на енергија која му треба на телото за да функционира и да се одмара. 60-70% од калориските потреби одат овде и се користат за чукање на срцето, работата на бубрезите, дишењето, одржувањето на топлината и друго. Мажите имаат побрз метаболизам од жените.

 

Физичката активност ги опфаќа активностите како одење, џогирање, наведнување, крвање тежини, местење на креветот, генерално се мисли движење при што се губат калории.

 

Термичкиот ефект на храната се однесува на енергијата која е потребна за да се дигестира храната што ја јадете. Енергијата е потребна за да се упрости храната на основните елементи, за да може да се искористи во телото. За овој процес се троши 10% калории од количеството на калориите  храна што е внесена.

 

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.