Треперење на рацете и нозете после тренинг

Тресењето или треперењето на телото после тренинг во многу случаи проблемот се должи на недостаток на енергија или претренираност. Преземање мерки пред тренингот, за време на тренингот  и по тренингот може да помогне да се спречи тресење во многу случаи, а тоа лесно се лекува кога се јавува. Ако се тресете  постојано по тренингот или се тресете додека работите било каква физичка активност, консултирајте се со вашиот лекар.

МУСКУЛЕН ЗАМОР

Ако тренирате  кога сте уморни и истоштени, или ако истренирате малку понапорно за време на вашиот тренинг, тоа лесно може да предизвика  мускулен замор проследе со тресење. Уште една честа причина  за замор, може да  биде држење на вашите мускули статично во една позиција за предолго време, кој исто така може да доведе до мускулен замор. Ако сте уморни, способноста на некои од моторните единицисе намалува, што доведува до тресење и трепрење. Откако ќе бидат вашите мускули доволно одморени, тресењето треба да престане.

 

НЕДОСТАТОК НА ШЕЌЕР ВО КРВТА

Тренирањето  без соодветна исхрана значи дека вашето тело нема доволно енергија да функционира – а тоа ги вклучува и вашите мускули. Ако прескокнере оброк или не јадете доволно, тоа значи дека ќе имате недостаток на гориво за вашите мускули, односно, вашите нивоа на гликоза или шеќер во крвта, ќе биде многу ниско овој  услов медицински се нарекува хипогликемија. Во прилог на треперење или тресење на мускулите, исто така, може да имате симптоми како што се раздразливост, нервоза, вртоглавица, конфузија и слабост. Јадењето мала закуска, која содржи јаглехидрати или шеќер, како путер од кикирики и крекери или чаша сок од портокал, може да помогне во олеснување на тресење од хипогликемија.

 

ДРУГИ ПРИЧИНИ

Мускулниот замор и хипогликемијата се веројатно најчести причини за тресењето после тренинг, но постојат и други фактори кој можат да предизвикаат ваков проблем. Конзумирањето прекумерни количини на алкохол, откажувањето од алкохол, преголема количина на кофеин или одредени лекови можат да доведат до треперење и тресење, како што може стресот и анксиозноста.

 

СПРЕЧУВАЊЕ

За да се спречи мускулен замор, тренирајте паметно и не претервајте со форсирање и надминување на вашите граници. Избегнувајте да ги тренинрате вашите мускули до точка на замор и болка. Направете постепено зголемување на отпорот и интензитетот на тренингот. Јадете целосен оброк 2-4 часа пред да тренирате за да се избегне низок крвен шеќер. Ако пропушти еден оброк, обидете се да консумирате мала закуска најмалку 30 минути пред да започне вашиот тренинг. Избегнувајте конзумирање на премногу кафе или други кофеински производи и обезбедете простор за доволно одмор.

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.