← Почетна

МОЈ ТРЕНЕР

Витамини за раст на косата

Опаѓањето на косата кај мажите и жените е често сретнуван проблем кој се појавува како последица на зголемено загадување, навиките на исхрана, недоволната грижа, како и стресот. Водејќи се од различните истражувања, постојат ефективни витамини кои помагаат да се подобри квалитетот на косата и да се стимулира раст. Овие витамини треба да се внесет преку исхраната од овошјето, зеленчукот и другите растенија. Не сите витамини и протеини се од корист на косата.

 

Витаминот А е еден од најнезаменливите витамини кој нуди многу бенифиции, меѓу кои и помага при проблеми со губењето на косата. Помага при решавање на проблемите на косата како што се намаленото производство на нови клетки одговорни за раст на косата. Помага во зголемувањето на новите клетки, а со тоа придонесува за раст на косата. Подобри резултати се добиваат кога се комбинира со минерали како цинк и силициум.

Комбинацијата на овие минерали го подобрува квалитетот на лојните жлезди. Тие произведуваат лубрикант кој ја подмачкува косата и ја прави појака и посјајна. Витаминот А се наоѓа во храна која е црвена, жолта и портокалова. Покрај ова се наоѓа и во рибиното масло, јајцата и млекото.

 

Витамините од Б комплексот како Б6, Б7 и Б12 се витамини кои го потикнуваат растот на косата. Тие работат со тоа што го подобруваат циркулирањето на крвта низ скалпот на косата. Се наоѓаат во зелечукот со темнозелени листови, житариците и пивскиот квасец.

Витаминот Ц е многу важен, бидејќи неговиот недостаток предизвикува цветање на косата.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

МОЈ ТРЕНЕР АСИСТЕНТ
ЗА ТЕБЕ
Водич за избор на услуга. Секој термин е предмет на потврда од Даниел.
МОЈ ТРЕНЕРПРОБЕН ТРЕНИНГ

БЕСПЛАТЕН ПРОБЕН ТРЕНИНГ · 40–60 МИН.

Направи го првиот чекор.

Тренинг приспособен на твојата моментална физичка подготвеност.

Чекор 1 од 3 · Тренинг и термин

Што сакаш да пробаш?