Групните тренинзи делуваат мотивирачки  и охрабрувачки.

 

Во Фитнес Студио МОЈ ТРЕНЕР се изведуваат МУЛТИФУНКЦИОНАЛНИ ВЕЖБИ со сопствена тежина и вежби со додаден отпор (кетлбел, олимписки тегови, ластици); атлетски реквизити и гимнастичарски справи. Во нашите тренинзи не се вклучени изолирани вежби на фитнес справи за тонизирање на мускулите.

1920x420

 

Тренинзите се изведуваат во времетраење од 60 минути и се организирани и предводени од страна на сртучно лице, кое се грижи за изведбата на тренинзите. Тренингот започнува со заедничко загревање на групата, во првите 10 минути. Потоа се врши појаснување и демонстрација на вежбите за тековниот тренинг. Главниот дел од групниот тренинг, е во времетраење од 30-40 минути, каде се изведуваат вежбите за достигнување на посакуваната цел. Откако ѓе заврши главниот дел од тренингот преминуваме на вежби за истегнување и олабавување кои  го означуваат крајот на тренингот.
Секоја група е ограничена  со 12 членови за да се задржи квалитетот на изведување и организирање на тренинзите.

gym-fitness-flyer-opt1

gym-fitness-flyer-opt2