4 минутен интервален тренинг – Табата

 

Табата интервалниот тренинг е еден од најефикасните видови на интервален тренинг со висок интензитет, и трае четири минути … но тие четири минути произведуваат извонредни ефекти.

Табата интервалниот тренинг беше откриена од страна на Д-р Лазуми Табата заедно со неговиот тим на истражувачи од “националниот институт за подготвеност и спортот” во Токио.

Д-р Табата  открил дека овој вид на интервален тренинг произведува многу подобри резултати од аеробен тренинг. Овој 4 минутен тренинг вклучува изградба на мускулна издржливост, толку колку што се добива за 45 минути на нормален кардио тренинг. Всушност во студијата испитаниците го зголемуваат нивниот анаеробен капацитет повеќе од една четвртина. Тоа што го прави овој тест посебен е дека испитаниците пред да го пробат овој тренинг биле физички и кондиционо спремни на повисоко ниво, и покрај тоа нивните резултетите биле извонредни.

 

Ова програма може да најде повеќе примени, можете да ја користите табата за слабеење, како и за подобрување на перформансите во повеќето аеробни и анаеробни спортови

 

 

Целосната Табата програма трае четири минути, најверојатно ќе се чувствуваат како да сте ги поминале четири минути од вашиот живот.

 

Табата интервалниот тренинг ја има следната структура:

– Спринтерски интервал за 20 секунди

– Одмор за 10 секунди.

– Повторете го ова осум пати.

 

Тајната за ефикасноста на табата тренингот  е во активната фаза, односно во спринтерскиот интервал. Мора да одите до крај, така да направете што е можно повеќе во тие 20 секунди, одморете за 10 секунди, и продолжете со следните 20 секунди…

Можете да го направите Табата тренингот со трчање, но тоа е далеку поприлагодливо отколку другите форми на интервален тренинг со тегови и  вежби со отпор.

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.