Дали жената навистина треба да јаде поинаква храна за разлика од мажот? Впрочем сите ние сме луѓе. Иако ова сигурно е точно,потребите за исхрана на жената се многу по специфични за разлика од потребите на мажот.Професорот Пам Пике,кој воедно е и автор на книгата “Fight Fat After 40 (Viking 2000)” и асистент на универзитетот по медицина во Филаделфија ,Балтимор (University of Maryland School of Medicine) ни објаснува зошто е тоа така: Еве голема листа на храна, која секоја жена треба да ја вклучи во нејзината секојдневна исхрана за да ја задржи нејзината виталност и здравје, без разлика на тоа што годините одминуваат. Поради тоа што жената работи напорно и покрај нејзините секојдневни обврски, нејзината исхрана треба да биде повеќе женствена.Затоа издвоивме неколку од многуте јадења кој ќе ви припомогнат да ја задржите вашата убавина и да добиете прекрасно и нежно женствено тело.
10: Сојни протеини Сојните протеини се наоѓа во производите како сирењето тофу и сојно млеко ,путер од сојни оревчиња и житни производи. Сојните протеини се здрави за срцето (помагаат при намалување на нивото на "лошиот" холестерол) и се богати со фитонутритиенти. Се препорачува до 25 грама соијни протеин дневно.(сојните протеини не се препорачливи за мажите поради тоа што го намалуваат нивото на либидото),
9: Зрнеста храна Зрнестата храна е богата со растителни влакна и затоа помага при ублажувањето на дигестивните проблеми, кои се многу честа појава кај жените. Обидете се да вклучите во вашата исхрана повеќе производи од видот на ориз, трици ,овесни снегулки, житарен леб, јачмен во вашата исхрана.
8: Храна богата со фолна киселина Храната богата со фолна киселина, како аспарагус, портокали, збогатени житарици и грав. Фолната киселина е важно во текот на бременоста за да се обезбеди соодветна неврална туба при развој на фетусот и се покажа дека е важно за здравјето на срцето
7: Сок од боровинки и малини Проантоцијанидите кој се пронајдени во боровинките ги спречува бактериите од лепење на ѕидовите на мочниот меур, а со тоа не штити и од инфекции на уринарниот појас (UTIs). Новите истражувања исто така сугерираат дека боровинките можат да го подобрат кардиоваскуларното здравје.
6: Вода Иако тоа не е храна, водата е важна за сите метаболички процеси во телото. Таа, исто така помага при варењето на храната, губење на тежината и го подобрува изгледот на кожата. Потребно е да се пие 5-6 чаши вода секој ден, но доколку јадете храна со висока содржина на вода (како одредено овошје и зеленчук) исто така ќе придонесе за внес на вода во организмот.
5: Зрнеста исхрана Оревите се богати со мононезаситени масти, што може да помогнат во намалување на нивото на холестерол, и полинезаситени масти, што може да помогне во спречување на срцеви заболувања. Плус, оревите се добар извор на протеини, калциум, фосфор, цинк, бакар, селен, фолна киселина, витамин Е и витамин А.Поради тоа чето овие производи се богати со калории,се препорачува 28 кикирики, орев 14 половини и само 7 бразилски ореви.
4: Зелен лиснат зеленчук Оваа категорија на зеленчук вклучува се, Кале и марули. Овие зеленчуци обезбедуваат важни хранливи материи, (препорачливо е 20 до 35 грама дневно). Обидете се да јадете најмалку три порции зеленчук секој ден.
3: Овошја богати со витамин Ц Овде спаѓаат јагоди, зелена и црвена пиперка, Колар, брокула, спанаќ, домати, компири, киви и магдонос. Овие овошја и зеленчуци придонесуваат за целокупното здравје. Внесот за дневните потреби на витамин Ц за жените е 75 милиграми на ден.
2: Храна богата со железо Поради нивните месечни циклусии пременопауза, на жените им е потребно поголем внес на железо. Добар извор на железо се грав, посно месо, блитва, тофу и суви кајсии,пилечки и телешки џигер, пиперка,бадеми,. Жените треба 12 до 15 милиграми железо да конзумира секој ден.
1: Храна богата со калциум Калциумот помага да да се одбегне слабеењето на коските односно остеопорозата. Добар избор се ниско-масни млечни производи се, темно зелен лиснат зеленчук (Кале, брокула, раштан), со калциум се збогатени и производите од соја и зрнестата исхрана. Видете ја оваа листа за да видите колку калциум треба секој ден: Внес на калциум спрема возрасните граници: 4-8 години: 800 милиграми 9-13 години: 1300 милиграми 14 до 18 години: 1300 милиграми 19-50 години: 1000 милиграми 51-70 + години: 1200 милиграми