Прво правило: Рамна постела.
Потребно е да се спие на тврда постела. Треба целосно да се избегнуваат сите федери во креветот. Покривката треба да биде лесна и тенка, но човекот да не се прелади во текот на спиењето.
Зошто се препорачува рамна постела? Кога телото лежи рамно, на тврда постела, тежината рамномерно се распоредува по целото тело, а мускулите целосно се опуштаат. Освен тоа, се исправува искривеноста ‘рбетниот столб што се случува во текот на денот, на работа или во седечка положба. Доколку не се исправи поместувањето на пршлените, доаѓа до притисок врз нервите и врз крвните садови помеѓу ‘рбетните пршлени (што ги парализира), а како резултат на тоа доаќа до заболување на оние органи кои ги ги снабдуваат со енергија и со крв тие нервни садови. Тврдата постела ја стимулира работата на кожата, го спречува спуштањето на црниот дроб, ја активира работата на кожните венозни крвни садови со што се забрзува снабдувањето на кожата со крв. Сето тоа нуди добар сон и ведрина по него.
Второ правило: Тврда перница.
Пред сонот, вратот треба да се стави на тврда перница, а притоа да се внимава третиот и четвртиот вратен пршлен да се наоѓаат на врвот од перницата. На почетокот тоа ќе биде болно; тогаш како подлога помеѓу вратот и перницата може да се користи крпа. Но, користејќи ја одвреме навреме, треба да се навикнуваме на тврда перница, а на крајот крпата целосно да се отфрли. Тврдата перница придонесува за доброто здравје: ги исправа вратните пршлени, ја отстранува главоболката, болестите на ушите, грлото, носот и на очите. И уште повеќе од тоа : тој го засилува мозокот и ‘рбетот.
Трето правило: Вежба “Златна рипка”.
Оваа вежба треба да се практикува на следниот начин: да се легне на грб на рамна постела, потоа да се повлечат ножните прсти во правец на карлицата, да се стават двете раце под вратот вкрстувајќи ги кај четвртиот или кај петтиот вратен пршлен. Во таа положа да се лула (вибрира) целото тело слично на рибата коај плива во вода. Оваа вежба треба да се изведува по 1-2 минути наутро и навечер.
Вежбата помага за излекување на сколиозата, го исправува искриваениот ‘рбет и на тој начин го отстранува претераното напрегање на ‘рбетните нерви, ја нормализира циркулацијата, ги координира симпатичкиот и парасимпатичкиот нервен систем и ја поттикнува цревната перисталтика.
Четврто правило: Вежба за капиларите.
Да се легне рамно, на грб.Да се стави главата на тврда перница или подлога, да се подигнат рацете и нозете вертикално кон карлицата и потоа со нив да се вибрира. Оваа вежба ги стимулира капиратие, ја подобрува циркулацијата во целиот организам, ја овозможува подвижноста и обновувањето на лимфните течности.
Петто правило: Вежба ”спојување на дланките и стапалата”.
Да се легне на грб, да се стават рацете на градите. Да се отворат дланките, да се спојат врвовите на прстите од двете раце, да се притискаат меѓусебно и да се опуштаат. Да се повторува тоа неколку пати. Потоа да се приближуваат рацете напред и назад, со споени врвовите на прстите. И, на крајот, да се спојат дланките на градите. Ова е првиот дел од вежбата. Вториот дел – да се продолжи со лежење на грб, да се подигнат нозете високо над телото, да се спојат колената. Да се спојат стапалата и да се придвижуваат нозете напред и назад десет пати на растојние од 1 до 1,5 (должина на стапалата). Потоа, да се спојат да се спојат дланките и стапалата па во таа положба да се остане од 5 до 10 минути.
Вежбата е мошне полезна, зашто помага во работата на дијафрагмата. Вежбата “спојување на стапалата” има многу голема вредност и затао што ја кординира функцијата на мускулите, нервите и крвните садови во областа на слабината, стомакот и бедрата. Кај бремените жени, таа помага во нормалното растење на детето во мајчината утроба, ја исправува неговата неправилна положба. Затоа, оваа вежба е од голема полза за идните мајки, доколку сакате да имает лесно и безболно породување.
Шесто правило: Вежба за ‘рбетот и стомакот.
Во шестот правило на здравјето, собрани се едноставни и ефикасни вежби за ‘рбетот и стомакот. Вредноста на практикувањето се состои во тоа што при истовремени движења на ‘рбетот и стомакот, симпатичкиот и парасимпатичкиот нервен систем почнуваат усогласено да функционираат. Тоа доведува до зајакнување на целиот нервен систем. Исто така, Шестото правило за здравјето помага да се воспостави кисело-алкана рамнотежа во организмот. Физичките вежби насочени кон зајакнување на мускулите ја подржуваат киселоста. А длабокото дишење и опуштањето го полнат организмот со алкали. Благодарение на вежбите од шестото правило за здравје, истовремено со движењето на грбот, се изведува и стомачно дишење и медитација, што во организмот воспоставува кисело-алкална рамнотежа.
Парафразирајќи ја познатата изрека, може да се рече – “Тешко е здравјето да се пронајде во себе, но дури и невозможно е да се пронајде надвор”. Системот на Ниши овозможува продолжување на младоста, дава можност човекот да ужива во животот, му памага да издржи во тешките услови, да се избори со стресот и со болестите. Тој го подучува човекот да да ги следи законите на животот и на природата, а за возврат го дарува најголемото богатство – здравјето