Лекари по спортска медицина го сметаат CrossFit ренингот како побалансиран начин за постигнување на целокупната кондиција на организмот. Во CrossFit тренингот, може да се комбинираат различни рутини, за да се создадат различни варијации во тренингот а да не се одалечите од вашата фитнес цел.
Cross Fit тренингот во главно е за подобрување на силата и кондицијата, оваа тренажнта програма е користена од страна на многу полициски академии и воени тимови за специјални операции, и од стотици други елитни и професионални спортисти во светот.
Тренажната Програма CrossFit е наменета за универзална приспособливост што ја прави совршена за поединци без оглед на искуството. Истата рутина се користи за стари лица со срцеви заболувања и за ММА Борци. Cross Fit го менува само отпорот и интензитетот, но не ја менува целата програма.
Придобивки од CrossFit:
- Со Cross fit ќе ја победите монотонијата и тренингот нема да ви биде досаден.
- Cross fit ве учи како да бидете по фексибилни со вашиот тренажен распоред.
- Ви овозможува да ја подорбрите состојбата на целокуниот организам
- Cross fit тренингог ги намалува повредите
- Cross fit тренингот ви овозможува да продолжите со вежбање, дури и кога сте повредени.