Слабокрвност или анемија е состојба каде што во крвта нема доволно црени крвни клетки (еритроцити) за да го носат кислородот до Вашите клетки. Анемичноста често прави да се чуствувате исцрпени и омалаксани.
Постојат многу форми на анемија кои можат да бидат привремени или долготрајни, а может да варираат од блага форма до тешка.
Веднаш посетете доктор ако се сомневате дека сте слабокрвни, бидејќи слабокрвноста може да биде знак за посериозна болест. Анемијата се третира така што може ќе треба да земате одредени суплементи или некоја друга медицинска процедура. Некои типови на анемија се спречуваат со тоа што ќе треба постојано здраво да се храните и да имате разновидна исхрана (да се избегнува едноличната храна).
ЖЕЛЕЗО
Железото е неопходниот минерал кој што е поребен за производство на здрави црвени крвни клекти. Железото исто така е составен дел од многу протеини кои што се во телото. Најдобри извори на железо се животинските продукти месо, јајца и млеко. Од растенијата го има во кајсиите, лешниците, бразилските ореви, спањакот, брокулата и кељот.
ФОЛНА КИСЕЛИНА (Б9) и Б12.
Овие два витамина од Б комплексот помагаат во спречвање на слабокрвноста. Тие ја стимулираат коскената срж да произведува црвени крвни зрнца. Извори на овие витамини се темно-зелените листести зеленчуци како спањакот, магдоносот и кељот, цитрусните овошја и сокови, бананите, несвареното млеко, како и морската храна. Б12 витаминот го има природно во сите животински продукти.
ВИТАМИН Ц
Витаминот игра важна улога во спречувањето на слабокрвноста. Овој витамин ја зголемува апсорпцијата на железото од храната кога се комбинираат. Витаминот Ц во изобилство го има во портокалите, ананасот, кивите, лимоните, јагодестите плодови, зеленолистестите зеленчици и др.
СИМПТОМИ НА СЛАБОКРВНОСТ
Тежок замор, слабост, лесни вртоглавица, бледа кожа, ладни раце и нозе, кратко дишење, главоболки, опаѓање на косата, сув јазик, тахикардија, аритмија (неправило чукање на срцето), болка во градите.