Како се поврзани коските?

ВИДОВИ НА ЗГЛОБОВИ (ПОВРЗУВАЊА)

Зглобот е точка каде што се "сретнуваат" 2 или повеќе коски. Постојат 3 начини на поврзување на коските:

     1. Фиброзно – неподвижен зглоб
     2. Картилагенозно – полу-подвижен зглоб
     3. Синовијално – слободно подвиженен зглоб

 

ФИБРОЗНИ – неподвижно

Овие зглобови претставуваат вродени сраслини со коскено, рскавично и сврзно потекло,  како што се  на пример  тртичните зглобови, споевите на краевите на ребрата и шавовите на черепот.

 

 

 

КАРТИЛАГЕНОЗНИ – полу-подвижо

Овие зглобови сврзуваат кратки коски со снажни зглобни чаури и врски. Такви се зглобовите на карпалните и тарзалните коски. Амплитудите  на движење  им се мали и ублажуваат контакти со цврста подлога, при што ги намалуваат вибрациите врз коскената маса.

 

 

 

СИНОВИЈАЛНИ – подвижно

Овој тип на зглобови се наоѓаат претежно на споевите на долгите коски и овозможуваат големи амплитуди на движење. Според способноста за ротација во однос на оските на координативниот систем (просторните рамнини) зглобовите се делат на:

1. едноосовински – имаат зглобна површина која личи на шарка од врата и движењето се одвива само околу една осовина т.е.рамнина (зглобови на лакот, горен скочен зглоб, зглобови на прстите).

2. двоосовински – имаат зглобна површина со елипсовиден облик, а зглобната ротација е возможна околу две оски (зглоб на коренот на шаката).

3. троосовински – имаат зглобна површина во облик на топче,поради што движењата се одвиваат околу сите три оски (зглобот на рамето).

ВИДОВИ НА ДВИЖЕЊА

Во зависност  од тоа  во каква положба се доведуваат коските со помош на движењето на зглобот се разликуваат повеќе движења:

1. Флексија – свиткување
2. Екстензија – испружување
3. Абдукција – оддалечување
4. Адукција – приближување
5. Ротација – вртење, кон надвор или кон внатре
6. Циркумдукција – кружење
7. Пронација – увртување
8. Супинација – извртување
9. Опозиција – приближување
10. Репозиција – оддалечување

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.