Желатинот е природен извор на протеин, добиен од преработка на животински колаген. Спротивно на популарното верување, желатинот не се произведува од копитата или роговите на животните, кои се направени од кератин (истиот материјал како и на ноктите и косата). Желатинот се добива од говедска кожа, коски и свинска кожа. Желатинот е 90 проценти протеин и содржи 18 аминокиселини, вклучувајќи девет од десет есенцијални амино киселини. Во желатинот само нема триптофан.
Производство
Процесот во кои се ослободува колаген од суровиние се нарекува хидролизација. Оваа хемиска реакција вклучува фази на вриење и натопување на суровинитњ во силен кисел раствор за ослободување – или хидролизирање на протеинот. Строги упатства се следат за да се биде сигурни дека желатинот е ослободена од загадувачи. Откако тоа се суши, желатинот се формира во листови или во прав.
Функција
Во прехранбената индустрија, желатинот се користи како згуснувач, стабилизатор и емулгатор. Тој може да се најде во јогурт, паштета, marshmallows-колочиња, гумени бонбони, супи и преливи за салата. Желатинот исто така има широка употреба во фармацевтската индустрија, како во изработката на капсули и како облога за таблети.
Вегетаријанска исхрана
Желатинот не може да биде дел од вегетаријанска исхрана, но постојат и други опции, ако одлучите да се воздржат од јадење месо. Агар е замена изведен од еден вид на црвени алги. Ирската мов – алги, е најдобра за правење помеки гелови и пудинзи. Пектин, состојкатакоја се наоѓа во џем и во желеа, е направен од исушени цлушпи од цитрон или јаболко.