Звони алармот, а Вие сакате да поспиете уште малку….стискате snooze и си дозволувате уште 9 минути сон…повторно звони, пак snooze за уште 9 драгоцени минути…и пак….и пак…како бесконечен циклус. Но иако добивте екстра сон сепак се чуствувате поуморни, зошто е тоа така?
Во свет каде што не постојат будилници (пред неколку децении), телото се буди природно, а за тоа е одговорен биолошкиот часовник. Овој часовник делува на нас така што скоро секогаш ни се приспива во исто време, во зависност од тоа како сме го навикнале организмот. Покрај заспивањето, може природно да не разбуди.
1 час пред да се разбудиме, телото почнува да се подготвува: се крева телесната температура, спиењето станува полесно и хормоните како допамин и кортизол почнуваат да се лачат.
Проблемот со алармот е тоа што тој Ве прекинува во природното будење и го прекинува циклусот на спиење, а телото го затекнува неподготвено. Тоа е причината поради која ние посегнувате по snooze копчето.
Но snooze многу повеќе Ви штети, а воопшто не Ви помага. После одложувањето на алармот Вие повторно заспивате, а наместо да се расоните Вие запаѓате во фаза на длабок сон. По 9 минути длабокиот сон е прекинат, а Вие се чуствувате дури поуморни и од првиот пат. Станете уште од првото звонење на алармот, бидејќи ќе се чуствувате цел ден изморено и без желба.
Следен пат легнете да спиете на време за да немате лош и уморен почеток на денот. Еве неколку совети како да заспиете!