ПОЕФИКАСНО ОД СТЕРОИДИ – COOLING GLOVE

Истражувањето за регулирање на температурата кое е изведено од  страна на биолозите Крег Хелер и Денис Грах од Стенфорд Универзитетот, пронајдoa иновативен уред кој брзо ја лади температурата на телото, во голема мера ја подобрува тренажната опоравка (RECOVERY) и спортските перформанси, и може да помогне при објасниувањето зошто мускулите се уморуваат.

Овој уред е "Еднаков или значително подобар од стероиди … и тоа не е нелегално."

Горе наведениот вид на тврдење, не е во дискусиите за уредот за терморегулација. Дури и човекот што ја даде оваа изјав, истражувачот Денис Грах, вели дека се збуниле. "Ние навистина се сопнавме на ова случајно", рече тој. "Сакавме да добиеме уред-модел за студирање на  губитокот на температурата."

Овој уред е специјализиран за: трансфер на топлината од вените во дланките на рацете,  може брзо да ве олади до основната температури на телото – и може драматично да ги подобри процесот на опоравување и вашите перформанси.

Тимот е конечно близу до производство на комерцијална верзија на нивниот специјализиран уред за  екстракција  на топлина, познат како "ракавицата",  во дел од медиумите. Но, она што не е разговарано е зошто ракавицата работи на начинот на кој го прави тоа, и што е она што ни кажува за тоа зошто се заморуваат нашите мускули.

ПРИРОДНО ВГРАДЕНИ РАДИЈАТОРИ – AVAs (артериовенски анастомози)

За Хелер и Грах, приказната започнува, неверојатно, со долгогодишното разрешување на прашањето за мечките.

Црните мечки се многу добро изолирани животни, опремени со дебела кожа и крзно и дебел слој на поткожно масно ткиво, кои им помагаат да ја задржат нивната телесна температура, со што можат да хибернираат преку зима. Но, штом еднаш пролетта пристигне и се зголемат температурите, истите овие мечки се соочуваат со поголем ризик од прегревање отколку од ризикот на хипотермија. Како тие се заштитуваат од  топлината без да ги менуват слоевите на изолација (кожата и крзното)?

Хелер и Грах откриле дека мечките, и всушност, речиси сите цицачи имаат вградено радијатори: Оголени-Ќелави делови од телото кои се одликуваат со широка мрежа на вените многу блиску до површината на кожата – AVAs.

Зајациte ги имаат во своите уши, стаорците ги имаат во нивните опашки, кучињата ги имаат во своите јазици. Преносот- испарувањето на топлината надвор од организмот претежно се случува преку овие  релативно мали дамки на кожата. Кога ќе се погледне мечката преку топлинско скенирање, животното претежно се разликува од позадината. Влошките на нозете на мечката и на врвот на носот изгледа како тие да се во оган.

Овие мрежи на вени, познат како AVAs (артериовенски анастомози) изгледа се исклучиво посветени на брзото управување на температурата.

ЛАДЕЊЕ И ВАКУМ

Кај луѓето, AVAs се појавува на неколку места, вклучувајќи ги и лицето и нозете, но најистакнатата радијаторска структура се наоќа во дланките од нашите раце.

Најновата верзија на уредот е цврста пластична ракавица, спроведено од страна со црево како преносен ладилник. Когаа ќе ја ставите раката во ракавицата, автоматски херметички, уредот креира мал вакум. Вените во дланката се прошируваат, и се зголемува дотекот на крв во AVAs, каде што брзо се лади со циркулација на  вода преку пластичната облога на ракавицата .

Овој меетод е поудобен отколку, да речеме, методот со влегување со целото тело во ладна вода со мраз. Затоа што протокот на крв во AVAs може да биде по пријатно во ладните временски периоди, правејќи ја раката премногу ладна ќе нема речиси никакво влијание врз внатрешната температура на телото.

Дури и во прототип форма, истражувачкиот уред се покажа како енормно ефикасен во менување на температурата на телото. Раните успеси на  ракавицата беа всушност во зголемување на телесната температура, на пациентите при хирушки операции за опоравување од анестезија (тоа е процес кој треа 7-8 минути).

Но ефектите на ракавица врз атлетските перформанси не стане очигледна се додека не беше направено истражување со правење згибови. Ракавицата се чинеше дека речиси целосно го отстранува мускулниот замор, по повеќе серии, ладењето ви овозможува да направите повеќе згибови. Така истражувачите почнаа со ладење по секој сет на правење сгибови.

"Потоа во наредните шест недели испитаникот од  180 згибови, достигна резултат од  вкупно над 620 згибови", вели Хелер. "Тоа беше зачудувачко подобрување на физичките перформанси."

Истражувачите го применуваа овој метод на ладење , и на други типови на вежби – Кревање тегови на бенч, трчање, возење велосипед. Во секој случај, стапкитe на опоравување (Recovery) беа драматични, без никакви докази на телото да бидат оштетени од премногу тренинг – па оттука доаѓа и тврдењето дека ркавицата е "подобра од стероиди" Оттогаш ракавицата беше усвоена од страна на фудбалскиот  тим на Стенфорд и атлетиките тимови, како и други универзитетски тимови, Сан Франциско 49 и Фудбалскиот тим Оукланд Индијана Џонс

ПОВРЗАНОСТА НА ПРЕГРЕВАЊЕТО СО ЗАМОРОТ

"Температурата е примарен лимитирачки фактор за нашите перформанси."
Во 2009 година, беше откриено дека мускулниот ензим  пируват киназа, или MPK, кој им е потребен на мускулите за да генерира хемиска енергија, беше високо осетлив на температура. При нормална телесна температура, ензимот е активен – но бидејќи температурите се зголемуваат, некои од ензимите почнуваат да се деформираат во неактивна состојба. Кога мускулната температури е близу 104 степени целзиусови, активноста на MPK целосно се исклучува.

Има многу добри биолошки причина за ова исклучување. Кога мускулната клетка ја зголемува својата активност, таа се загрева. Но, ако овој процес продолжува да трае премногу долго, клетката ќе се уништи сама по себе.

"Вашите мускулни  клетки велат," Вие не може да продолжите да тренирате со толку голем интензитет, доколку породлжите вашето тело ќе се спржи и ќе умре '", рече Грах.

Кога ќе се изладат мускулните клетки, ензимите ќе се вратат во активна состојба, односно во ресетирана состојба на мускулниот замор, и тогаш повтрно ќе можете да го продолжите тренингот со многу помала појава на замор.

 

Еве еден по застарен метод, за постигнување на истите ефекти. КЛИКНИ ОВДЕ

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.