Компирот како зеленчук содржи 0 гр. масти и е храна која што е богата со скроб, а сиромашна со калории. Кога се пржи компирот процентот на масти изнесува високи 30%! На 100 гр. компир, 30 гр. масти.
Не само што содржат голем процент на масти и се многу лоши за здравјето, компири и чипсот при пржењето самите тие произведуваат потенцијално канцерогена супстанца, наречена акриламид.
Печењето и пржењето на многу висока температура (над 180º) на која и да е храна која е составена од скроб, предизвикува шеќерите од самаа храна да се комбинираат со аминокиселина за да произведат високо ниво на потенцијална канцерогена супстанца акриламид.
Чипсот мора да се произведува на висока температура, додека помфритот се пржи на голема температура бидејќи рестораните за брза храна сакаат да ги донесат од кујната до масата за брзо време. Доколку сакате да се изхранувате здраво и безбедно тогаш овие производи исклучете ги од Вашата диета или сведете ги на минимум.
За тие кои што неможат без помфрит, нека го готват самите дома со цел да се минимизира содржината на акриламидот. Компирот треба да се чува надвор од фрижидерот на темно, ладно и суво место. Пред да ги пржите исецкајте ги и потопете ги во вода каде што ќе отстојат 15-30 мин. и потоа исцедете ги и остевете да се засушат. Тие треба да се пржат на ниска температура, за што помал временски период – односно додека не добијат златно жолта боја, никако кафена.