Се за креатинот

1. ШТО Е КРЕАТИН?

– Креатинот е азотна органска киселина која е составена од аминокиселините аргинин, глицин и меотинин. Скелетните мускули содржат 95% креатин, додека остатокот се наоѓа во срцето, мозокот и тестисите.

 

2. КАКО РАБОТИ КРЕАТИНОТ?

– Одговорот ќе го најдете тука!

 

3, КОЈ МОЖЕ ДА КОРИСТИ КРЕАТИН?

– Едноставно е, секој што сака да ја зголеми чистата мускулна маса, да добие сила и да ги зголеми своите аеробни и кардио способности треба да суплементира со креатин.

 

4. ДАЛИ КРЕАТИНОТ ПОМАГА ВО ГРАДБАТА НА МУСКУЛИТЕ?

– ДА! Креатинот ги нуди следните придобивки:

      – Ја зголемува чистата протеинска мускулна маса

      – Ја зголемува максималната сила

      – Ја подобрува мускулната издржливост

  – Ја подобрува аеробната сила и перформансите (скокови, џогирање, повторувачки спринтови)

 

5. ДАЛИ КРЕАТИНОТ ПОМАГА ВО ТОПЕЊЕТО МАСТИ?

– ДА! Креатинот помага во ослободувањето и топењето на мастите индирекно преку посредството во зголемувањето на метаболички активната чиста мускулна маса.

Едноставно е, колку повеќе мускули има на Вас, толку повеќе и поинтензивно ќе можете да вежбате, трошејќи се повеќе калории секој нареден тренинг. Освен тоа креатинот има хидрирачки способности каде што клетката ја полни со вода, а со тоа дирекно се зголемува синтезата на протеин и метаболитичките процеси.

 

6. КОЛКУ КРЕАТИН ТЕРБА ДА СЕ ВНЕСУВА?

– Оптимално е од 5 – 10 грама (мала лажичка) на ден. Еден час пред тренинг и одма по тренингот со некое овошје, бидејќи простите јаглехидрати го складираат поефикасно во мускулот со помош на кралот на анабоните хормони, инсулинот.

 

7. ШТО Е КРЕАТИНСКО ПОЛНЕЊЕ?

– За побрзи придобивки од внесувањето на креатинот, Вие треба да земате околу 20 грама, поделени на еднакви периоди по 5 гр. 4 пати на ден и тоа треба да трае од 7 – 14 дена. Оваа фаза помага за скратување на времето за да ги забележите резултатите од користењето на креатинот. По фазата на полнење, продолжете со нормалното внесување од 5 – 10 грама. Полнењето може да биде прескокнато.

 

8. ШТО Е КРЕАТИНСКИ ЦИКЛУС?

– Креатински циклус е креатинското полнење, нормалното земање креатин и паузата. Сето тоа се повторува. Полнењето трае од 1 – 2 недели, нормалноте земање е од 3 – 4 недели и паузата е околу 3 недели. Креатинот останува во мускулите и 2 недели по престанокот на пиењето, а некои бодибилдери не практикуваат циклус, туку континуирано суплементираат.

 

9. ДАЛИ КРЕАТИНОТ ЗА ЗАДРЖУВА ВОДАТА?

– Креатинот помага клетките да ја задржат водата, што за разлика од ефектот што го има солта, ова е добро за спортските перформанси. Исто така ова придонесува за поголема телесна тежина.

 

10. СО КОЛКУ ВОДА СЕ ПИЕ КРЕАТИНОТ?

– 200 мл. на секои 5 грама креатин.

 

11. КОЈ ВИД НА КРЕАТИН Е НАЈДОБАР?

– Рецензија од нутриционистот Ален Арагон – "Креатин монохидрат е дефинитивно вистинското нешто, не само што е значително поевтин од другите видови креатин, туку и има подобра биодостапност за организмот".

 

12. ДАЛИ КРЕАТИНОТ Е БЕЗБЕДЕН?

– Според номинирани доктори, креатинот претставува најмногу испитуваната супстанца во историјата на суплементациите. Според ова научниците јасно ставаат до знаење дека суплементите на креатинот немаат штетни ефекти врз човекот. Тоа е бидејќи креатинот веќе се создава во бубрезите, црниот дроб и панкреасот.

 

13. ДАЛИ КРЕАТИНОТ Е БЕЗБЕДЕН ЗА ТИНЕЈЏЕРИТЕ?

– Да и исто така е ефективен во подобрувањето на силата и преформансите во разни спортови.

 

14. ДАЛИ КРЕАТИНОТ Е БЕЗБЕДЕН ЗА ЖЕНИ?

-ДА, девојките кои сакаат да бидат посилни и да изградат чисто и атлетско тело можат да земат креатин.

 

15. ДАЛИ КРЕАТИНОТ Е ЗАБРАНЕТ ВО СПОРТОТ?

-НЕ, дознајте повеќе тука!

 
Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.