Секој човечки организам содржи приближно 21грам магнезиум. Истиот е неопходен за метаболизирање на калциумот и витаминот Ц , како и за фосфорот , натриумот и калиумот. Се мери во милиграми. Магнезиумот е битен за делотворно функционирање на нервниот и мускулниот систем. Важен е за претварање на шеќерот во крвта во енергија.За возрасните препорачаната дневна доза е од 300 до 450мг , а нешто повеќе за бремени жени ижени кои дојат. Магнезиумо придонесува кон поздрав кардиоваскуларен систем и помага при превенција на срцеви напади. Ги одржува забите здрави. Помага при спречување на таложењето на калциум , создавање на камен во бубрезите и жолчката. Ги олеснува пречките при варењето. Магнезиумот,здружен со клациумот може да делува како природно средство за смирување.
Најдобри природни извори на магнезиум :
- Смокви
- Лимон
- Грејпфрут
- Жолта пченка
- Бадем и др.јатки
- Семки
- Темнозелен зеленчук
- Јаболка
Одличен додаток е хелираниот магнезиум и калциум кои се урамнотежени – дупло повеќе калциум од магнезиум. Го има речиси во сите мултиминерални додатоци. Обично се наоѓа во јачина од 133,3мг и се прима четири пати на ден. Додатоци од магнезиум не треба да се земааат после јадење,затоа што овој минерал ја неутрализира стомачната киселина. Големи количества на магнезиум во текот на подолг период можат да бидат токсични ако земате истовремено и мн. Калциум и фосфор.
Консумирање : Ако многу пиете , се препорачува да земете повеќе магнезиум. Ако лошо ви функционираат бубрезите , не треба да се консумира повеќе од 3000 мг магнезиум дневно Жените кои земаат контрацептивни таблетки или естроген во било која форма , треба да земаат и поголеми количевства магнезиум. Ако јадете многу зрнести плодови , семки и зелен зеленчук , веројатно примате доволно магнезиум , како и оние кои живеат во области каде има тврда вода. Магнезиумот најдобро делува заедно со витаминот А , со калциумот и фосфорот.