Бел или црн леб?

Сите хранливи состојки во пченицата се наоѓаат во обвивката (триците) и во никулецот. Во белото брашно обвивката и никулецот се отстранети и тоа го содржи само средишниот дел од зрното, односно само скроб. Лебот направен од бело брашно не е корисен за нашето тело бидејќи создава многу осатоци во цревата и ја скиселува крвта. Колку е побело брашното, толку повеќе треба да се избегнува.

 

Житариците се богати со витамини, особено со витамин Б, особено корисен за правилна функција на нервниот систем, па затоа е важно да се јаде црн леб кој што го содржи целото зрно заедно со обвивката и никулецот. Црниот како и белиот леб треба да се јаде во ограничени количини.

 

Зошто да НЕ се јаде бел леб?

  • – парче бел леб содржи само четврт-грам растителни влакна
  • – во иднина може да предизвика срцев удар бидејќи вишокот хидро карбонат се претвора во масти, а потоа во холестерол кој се лепи за ѕидовите на аретериите
  • – најхранливите делови обвивката и јадрото се отстрануваат со мелење
  • – Белиот леб е храна богата со скроб, односно празни јаглехидрати
  • – парче леб содржи 70 – 80 калории

 

Зошто да се јаде црн леб?

  • – парче леб содржи 2 гр. растителни влакна, а некои лебови направени од различни видови зрна содржат и над 15 гр. влакна
  • – богат е со природни влакна, витамини и минерали
  • – темниот леб содржи неколку пати повеќе витамини и елементи во трагови, калциум, магнезиум и калиум отколку белиот леб
  • – темниот леб го спречува дебелеењето и Ви дава чувство на ситост поради влакната што ги содржи
  • – го намалува холестеролот поради растворливите влакна што се наоќаат во црното брашното

 

 

 

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.