Мантра како тенденција на раниот будизам

Религијата (покретот) на Махасангикас (Mahasanghikas) во својот Канон поседувале збирка на мантрички формули под името Дарани (Dharani) или Видјадарапитака (Vidyadharapitaka). Дараните се средства за концентрација на свеста на една идеа, визија или искуство постигнато во медитација. Тие може да представуваат суштина на учењето како и искуство на одредена состојба на свеста, кое може да биде намерно предизвикано или освежено во било кое време. Од оваа причина мудреците ја нарекле видјадара –знаење (Vidyadhara). Дараната не се разликува од мантрата по својата функција, но во извесна мера се разликува по својата форма, до толку што мантрата постигнува позначителна должина, која понекогаш представува комбинација од повеќе мантри или “семени слогови” (биџа- мантра-bija-mantra), или пак ја представува сржта на светиот текст.

 

Мантрите се колку продукт, толку и средство за медитација: “ Со помош на длабока свесност (самади-samadhi) човекот ја постигнува вистината, додека со помош на дарана ја чуврстуваме и ја чуваме”.

Во древните пали текстови можат да се најдат заштитни мантри или паритас (parittas) за отстранување на опасности, против болести, змии, духови, злобни намери итн., како и за остварување на поволни услови за здравје, среќа, мир, повторно добро раѓање, богатсво итн.

 

Буда му наредува на Ангулима (поранешен затвореник, кој го преобратил Буда)  да излечи жена која е болна, со помош на чиста вистина, односно со таканаречена мантричка моќ”.

 

Немора да се нагласи колку е важна чистотата и интимноста на оној кој мантра. Иако внатрешниот став на оној кој мантра, главниот извор е неговата сила-моќта, сепак обликот со кој таа е изразена е исто важен. Обликот мора да одговара на духовната содржина, да биде мелодичен, ритмичен, силен и да биде подржан со ментална и емоционална асоцијација, кои се створени или со традиција или со лично искуство. Во таа смисла светите Ратана-Сута (Ratana-Sutta) ја процениле мантрата како: Снага на Вистината со која може да се стане Среќен”.

Според ова, доколку свеста не е спремна и Верата не е чиста, нема да може да се усвои идеата за мантра.  Психолошки ограничени, неможно е да се добие енергетски одзив, со недостаток на концентрација, нема способност да се координира обликот,  срцето и свеста.

 

Така мантрите не се пасивен метод на бекство од лоши животни искуства, односно од нашите сопствени акции, туку е медиум кој бара труд, како и секој пат на ослободувањето.

Иако се вели дека мантрата делува непогрешиво ако правилно се користи, тоа не значи дека се потиснува законот на природата (кармата-акција). Тоа значи дека човек кој е совршен во својата концентрација, вера и знаење нема да може да ја изгуби силата да постигне ослободување-бидејки е веќе господар на својата карма, односно на самиот себе.

-Универзална мантра ОМ (позив за бесмртност)

 

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.