Управување со БОЛКА

Болката е корисна сензација кога не предупредува да сопреме пред да дојде до повреда. Сигурно ќе регирате брзо и ќе ги  повлечете вашите прсти подалеку од жешка печка. Болката која трае подолго од два или три месеци и покрај соодветен третман е познат како хронична болка. Најчестите форми на хронична болка се на долниот дел на грбот и главоболка. Рак, артритис, фибромијалгија, и многу други нарушувања се поврзани со хронична болка. Луѓето кои имаат хронична болка често имаа искуство и со хронична фрустрација, поради тоа што тие биле  испратени од еден специјалист на друг во потрага по дијагноза. 

Целта на третманите за управување на болка  се развиени за да им се помогне на луѓето со хронична болка, да им се намали болката колку што е можно, а потоа да им се помогне на пациентите да научат да се справуваат со она што болката останува. Бидејќи ниту еден третман не функционира за секого, “третманите за управување на болка” обично нудат широк спектар на третмани: операција, нервни блокади со акупунктура и тереапија со вежбање.

ПСИХОЛОШКИ СОВЕТИ

Болката се смета како чист физички одговор на физички повреди. Психолошките фактори можат да послужат како важни медијатори во перцепцијата на болката. Чувствата како што се стравот и вознемиреноста ја зајакнување перцепцијата врз болката. Болката може да се користи за да се избегнат одредени ситуации, или да се добие внимание. Депресијата и придружните симптоми како што се нарушувања на спиењето може да ја зголемат хроничната болка. Психолошките совети и техники, може да им помогнат на луѓето со хронична болка да се соочат со проблемите кои можат да ја влошува нивната болка.

РЕЛАКСАЦИЈА И МЕДИТАЦИЈА

Техниките за релаксација и медитација може да ја намалат болката преку намалување на анксиозноста и да ја зголеми личната контрола кај луѓето. Некои од овие техники вклучуваат длабоко дишење, визуелизација на позитивни слики и мускулна релаксација. Други, пак, ги охрабруваат луѓето да станат свесни за мислите и ситуациите кои ја зголемуват или намалуваат болката, или да обезбедат ментална одбрана од сензации на болка.

ВЕЖБИ

Лицата со хронична болка имаат тенденција да избегнуваат секакво физичко движење, бидејќи тоа боли. Неактивноста предизвикува мускулите и зглобовите да атрофираат, што на крајот може да предизвика да се влоши болката. Редовното вежбање  помага за ублажување на болката. Зошто? Вежбањето го стимулира производството на ендорфин, хемикалии произведени од страна на нашиот организам за ублажување на болката. Исто така ја подобрува самодовербата, може да послужи како одбранбен механизам против болка, и го подобрува квалитетот на сонот, кој многу често е проблем за луѓето со хронична болка.

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.