Маргаринот е направен од растителни масти, наместо на кравјо млеко за разлика од путерот.Маргаринот е произведен со комбинирање на неколку различни видови на растителни масла, а најчесто се користат маслото од пченка и од соја.
Маслото е најпрво хидрогенизирано, низ хемиски процес каде водороден гас е вбризган во незаситени масни киселини за да се направи маслото да стане делумно заситено. Причината поради која маргаринот поминува преку овој процес е тоа за да може да се постигне тврдост на собна температура, овозможувајќи за сличен изглед како путерот.
ХРАНЛИВИ ВРЕДНОСТИ НА МАРГАРИНОТ
100 гр. маргарин ги има следниве хранливи вредности:
535 калории
60 g маст
11 g заситени масти
30 g мононезаситени масти
17 g полинезаситени масти
1800 mg на омега-3 масни киселини
14911 mg на омега-6 масни киселини
0 мг холестерол
3.5 мг натриум
0г јаглехидрати
0 гр влакна
0 g шеќер
0 гр протеини
100 гр, маргарин ви обезбедуваат 125% од дневната препорачана доза на витаминот К, 70% од дневната препорачана доза на витаминот А и 4% од дневната препорачана доза на калциум.
ЗДРАВСТВЕНИ ПРИДОБИВКИ НА МАРГАРИНОТ
Повеќето маргарини се составени од 60 – 80% масти. Оваа маст е комбинација на заситени и незаситени масти. Заситените масти во маргаринот може да се движат 7 – 86%, во зависност од типот на растенија од кој е изработен. Мастите во маргаринот содржат витамин А, витамин Д, витамин Е и витамин К.
Маргаринот има алфа-линоленска киселина, или АЛА, која е омега-3 масна киселина. Омега 3 масните киселини се борат за намалување на холестеролот, триглицеридтеи, како и и намалување на воспалението.
НЕГАТИВНИТЕ АСПЕКТИ НА МАРГАРИНОТ
Процесот на хидрогенизација предизвикува маргаринот да стане заситен и содржи транс масти, што може да биде штетно за телото. За транс мастите покажало дека го зголемваат ризикот од срцеви заболувања, како и зголемувањето на лошиот холестерол, или ЛДЛ нивоата, а намалување на добриот холестерол или ХДЛ, и да се зголеми ризикот од одредени видови на рак и хронични болести.
Затоа не претерувајте во конзумацијата на маргаринот. Тој се смета за здрава храна само кога се јаде како замена за путерот и тоа во ограничена колиина.