Шест сигурни навики поврзани со храната

1. Користете сигурна (проверена) вода и храна. Одредена храна се поврзува со труење со храна ако истата била контаминирана. Секогаш бидете сигурни за потеклото на консумираната храна.

2. Миење на храната. Правилното миење на храната можеби е еден од суштинските начини за спречување на патогените зарази од храната. Иако изгледа очигледно, миењето раце пред употреба на храната е задолжително, готвењето и лупењето на храната мора да биде во чисти простории.

3. Двоење на храната. Двоењето на храната помага при превенција на контаминација помеѓу храната. Внимателно одвојте ја свежата храна (особено месото, пилешкото, морската храна, јајцата) од останатата кога пазарувате и готвите. Користете различни даски за сечење и различни садови за свежа и несвежа храна.

4. Готвење. Гответе ја храната за да ги спречите патогените бактерии. Не се потпирајте на вашето око – термометарот е единствениот докажан инструмент за одредување дали храната е зготвена до посакуваната температура. Избегнувајте недоварени или недоволно печени јајца.

5. Ладење на храната. Се сé сведува на ладењето кога се работи за успорување на растот на бактеријата (тие традиционално сакаат топли температури и можат многу бргу да се размножат на собна температура). 

Замрзнете ја ровката или расипливата храна отприлика 2 (два) часа или ставете ја 1 (еден) час во многу топла вода.

6. Пријавете доколку добиете труење од храна. Иако труењето од храна ги погодува милионите Американци секоја година, голем број случаи никогаш не се пријавени. Пријавувањето на заболувањата ќе им помогне на вашите пријатели, комшии и целокупната јавност. Побарајте медицинска помош доколку се разболите од  храна.

 

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.