Кога спиете, Вашето тело се одмара и ги повраќа назад нивоата на енергија што ги имате изгубено в отекот на денот. Како и да е, спиењео е многу важно за Вашето физичко и ментално здравје. Колку пати после добар сон го немате стресот од претходно или пак настинката е за пола исчезната?
ШТО СЕ СЛУЧУВА КОГА СПИЕМЕ?
Спиењето е природен циклус на активноста на мозокот и се состои од 2 основни фази: REM (rapid eye movement) и NREM (non-rapid eye movement). NREM се состои од 4 фази. За време на спиењето, се случува постојан циклус на REM и NREM. Сонувањето воглавно се случува во REM фазата на спиење.
ШТО ПРЕТСТАВУВА NREM СПИЕЊЕТО?
Периодот на NREM спиењето е составено од 4 фази. Секоја фаза трае од 5-15 минути. комплетниот циклус на спиењето се состои прогресија од фаза 1, па се до фаза 4, а потоа настапува REM фазата (5 фаза). По завршувањето na REM фазата, циклусот започнува повторно.
1 ФАЗА – Полисомнографија (Скенирањето на активноста на мозокот) покажуванамалување на активноста помеѓу будноса и првата фаза на спиењето. Иако очите Ви се затворени во оваа фаза, можете да бидете многу лесно разбудени. Ако Ви биде прекинато спиењето во оваа фаза, Вие ќе се чуствувате како воопшто да не сте заспале. Првата фаза може да да трае од 5 – 10 минути. Доколку некогаш сте сонувале како паѓате, и наеднаш сте осетиле муклуна контракција низ целото тело, тоа се случило во оваа фаза од спиењето.
2 ФАЗА – Ова е период на лесно спиење каде што читањата а активноста на мозокот покажува наизменични врвови и долино, односно позитивни и негативни бранови. Овие бранови покажуваат спонтани периоди на мускулно згрчување и опуштање. Се забавува отчукувањето на срцето и се намалува телесната температура. Со превземање на овие чекори, телото се подготвува да влезе во длабок сон.
ФАЗА 3 и 4 – Ова се фази на длабок сон, каде што ФАЗА 4 е помоќна за разликата од ФАЗА 3. Овие фази се познати и како бавни бранови, или делта спиење. Ако Ве разбудат за време на овие фази, Вие можете да се чуствувате како деориентирани неколку минути.
За време на длабокиот сон во NREM спиењето, телото се поправа и го регенерира ткивото, гради коски и мускули и го зајакнува имуниот систем. Како што старееме, ние ќе спиеме многу полесно и ќе добиваме многу малку длабок сон. Предвременото стареење е исто така поврзано и со краткото време на спиење, иако истражувањата покажуваат дека потребата за сон не се намалува драстично со нашата возраст.
Спиењето во правилниот временски период е исто така важно при излачувањата на хормоните: мелатонин, хормон за раст, тестостерон и други. И онака веќе знаеме дека без сон, нема тестостерон.