Појадокот не е најважниот оброк во денот

Неодамна, нашите ментори не учеа  да “никогаш не го прескокнуваме појадокот” и дека појадокот е “најважниот оброк во денот”.

breakfastfastin-1

Спротивно на сето ова,  се појави популарното верување, каде научниците сега велат дека појадокот не го забрзува метаболизмот и не може да биде најважниот оброк во денот. Во научното списание American Journal of Clinical Nutrition, имаме нова студија  направена на  повеќе од 300 испитаници со прекумерна тежина, поделени во две групи. Испитаниците се на специјална диета каде едните појадуваат а другите го прескокнуваат појадокот.  По 16 недели, помеѓу двете групине не се појавува голема разлика во намалувањето на  килажата.

Да, појадок е идеален временски период за внес на протеини, растителни влакна и други хранливи материи во вашиот ден, но ако изборот е крофна или нејадење ништо,  тогаш е подобро да се одлучите за нејадење ништо.

Според моето досегошно, 3 годишно искуство со “нејадење ништо за доручек” и прескокнување на појадокот, топло ви го препорачувам овој режим на исхрана “повремено постење”

317209d400000578-3459145-image-a-47_1456189057847-1

 Пост со прескокнување на појадокот.

(Intermittent fastin –  повремено постење)

Оваа диета, односно “повремено постење”  се  практикуваат во временски прозорец на јадење во период од 8 до 10 часа, и нејадење во период од 14 до 16 часа.  За жените се препорачува 14 часа а за мажите 16 часа нејадење.

– Молам? 16 часа гладување? па ти мора да си луд!!!

Колку и да ви звучи страшно, тоа 16 ЧАСА ГЛАДУВАЊЕ, сепак кога ќе се објаснат нештата, истот тоа е прифатливо.

Ајде да погледнеме по длабоко во тие 16 часа.

Целоцниот дневен циклус изгледа вака:

  • Спиеме 8 часа
  • Јадеме 8 часа
  • Гладуваме 8 часа

односно:

Изутрина кога ќе се разбудиме во првите 4 часа не јадеме ништо и 4 часа пред да си легнеме да спиеме не јадеме ништо.

Значи не е страшно да се гладува 16 часа? од кои 8 ги спиеме.

Токму така, мојот ден изгледа вака:

  • Денот ми  започнува во 7:00 часот (по циклус од 8 часа спиење)
  • Првиот оброк е во 11:00 часот (после 4 часа не јадење)
  • Вториот оброк е околу 14:00-15:00 часот (на средина во циклусот на 8те часа во кои е дозволен внес на храна)
  • Последниот оброк е во 19:00 часот (па следува 4 часа гладување)
  • Денот ми завршува во 23:00 часот

1238657337834806415

Придобивките од “повремено постење”

Придобивките од повремениот пост се  многу бројни и навлегуваат многу по длабоко од  губење на тежината или спречување на дебелината. Овој режим на исхрана е многу ветувачка алатка за спречување на многу болести и зголемување на животниот век.

  • Го намалува ризикот од кардиоваскуларни болести од страна на намалување на крвниот притисок и зголемување на инсулин чувствителност.
  • Го зголемува ослободувањето на  хормонот за раст hGh (кој помага при намалување на гојазноста, задржување на мускулната маса и намалување на знаците на стареење).
  • Помага при намалување на телесните масти, и задржување на мускулната маса во однос на калориското ограничување.
  • Се намалуваат висцералните масти (интра-абдоминални масти).
  • Го намалува ризикот од дијабетес со намалување на серумската глукоза и нивото на инсулин.
  • Се намалуваат кардиоваскуларните воспалениа со зголемување на нивото на адипонектин.
  • Ја намалува стапката на целокупното стареење, при што ја зголемува долговечноста.
  • Го намалува ризикот од добивање пболести на мозокот како што е Алцхајмеровата и Паркинсоновата болест.

 

Референца:

https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pubmed/23639403

http://onlinelibrary.wiley.com/doi/10.1111/j.1467-789X.2011.00873.x/full

http://www.pnas.org/content/100/10/6216.abstract

http://www.sciencedirect.com/science/article/pii/S1568163706000523

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.