Афирмации за мускулен раст

 

Афирмации се позитивни или вистински извештаи кои се повторуваат за да се стимулира потсвеста. Кога се повторуваaт, позитивните афирмации може да влијаат на сегашните и идни активности, ви помaга да се мотивирате за да ги постигнете своите цели, влијае на вашиот внатрешен ум и ви помага да ги надминете вашите физички и ментални бариери и може да помогне да се ослободите од негативните мисли. Чистата мускулна маса може да биде изградена брзо со користење на различни ментални и физички техники.

 

Мускулна загуба врз основа на годинте

Кај луѓето процентот на поткожните масти се  зголемува  а мускулната маса се намалува, најмногу поради тоа што се надминува возраната граница и  стануваме се  по неактивни. Тренингот за сила е еден начин на зачувување и додавање на мускулната маса, без оглед на возраста.

 

Важноста на техниката

Правилната техника за  зголемување на мускулна маса ефикасно може да ги зголеми резултатите. Од друга страна, неправилно изведената техника може да доведе до шинување, крутост, фрактури, и други повреди. Во тежинскиот тренинг, со користење на соодветната тежина на тегови, со изведување на правилната форма, дишењето во текот на вежбањето, балансирањето на работата помеѓу сите големи мускулни групи и давање соодветно време за одмор на вашите мускули се тајните  за успешно зголемување на мускулна сила, издржливоста и големината.

 

Афирмации и чистата мускулна маса

Градењето на чистат мускулна маса брзо во голема мера зависи од одржувањето на позитивни и користење на позитивните афирмации кој ке ви помогнат да бидете мотивирани. Одржувањето на силната врска помеќу умот и мускулите преку афирмации е императив за да се развива фокусот за да ги постигнете вашите цели. Усовршувајки го овој концепт ќе ви овзможи да ја постигнете вашата посакувана цел.

 

Како да се користиат афирмациите за зголемување на мускулниот раст

Тренирајќи ја вашата потсвест да очекува чиста мускулна маса е од суштинско значење за да всушност градењето на мускулите  биде брзо. Визуализирањето на  посакуваните резултати е една од техниките која ја одржува врска помеќу умот и мускулите која е потребна за тренирање на потсвеста. Друга техника вклучува повторување на позитивна афирмација . Ова може да вклучува изјави како: “Одам да го завршам денешниот тренинг со успешни резултати”, или “Јас  ќе го подобрам мојот физички изглед со напорен тренинг.”. Успешниот тренинг се потврдуваат со позитивни мисли.

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.