Фитнес револуција на степ платформа

 

Во 1992 од страна на  Gin Miller една од најпознатите  и најдобрите инструктори по аеробик во светот и тим на стручњаци  прават фитнес револуција, создаваjки го степ аеробикот. Дваесет години подоцна овој тип на аеробик  е се уште комерциална кардио програма.  Неговата ефикасност е неспорна.

Степ аеробикот е аеробик во кој движењата се изведуваат врз степ платформа, и имитираат качување и слегување по скали.

Интензитетот на вежбањето и потрошувачката можат да бидат умерени, но и големи. Затоа степ аеробикот може да се користи од страна на почетници, напредни, како и спортисти.

Со помош на овај програм се ангажираат големи мускулни групи на глутеалната регија и нозете, во помала мера мускулите на рацете и раменскиот појас, а првенствено делува на кардиоваскуларниот и респираторниот систем.

Има позитивно влијание врз менталното здравје,  тренингот е забавен и пријатен, и може да се помогне при ослободување од стрес. Ако тренингот е направен во група, може да креирате социјални врски меѓу вежбачите.

Програмите за степ аеробик се препорачуваат за оние кои сакаат да ја подобрат својата општо здравствена состојба или да постигнат максимална физичка спремност и самодоверба.

Најдобро е да се практикува во групи со динамична музика каде инструкторите подготвуваат специјална кореографија и тоа 2 пати неделно по 1 час.

 Степ аеробикот го зголемува расположението!

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.