Многу луѓе низ светот стануваат наутро од кревет, влегуваат во автомобилот, седат на своето биро по цел ден, повторно седнуваат во автомобилот за да се вратат дома вечераат и потоа заспиваат грицкајќи нешто пред телевизор секоја вечер.
Сигурно познавате вакви луѓе?
Дали во овие може се препознавте себеси?
Променете го ова и почнете да се движите!
Нашето тело е машина создадена за движење. За разлика од кој било апарат што го направил човекот, нашиот организам има повеќе штета од неактивноста отколку од активноста. Активноста е закон на секое битие. Секој орган од нашето тело има своја одредена задача и нашиот развој и сила зависат од нејзиното извршување.
Ако преврзете една рака и ослободите по неколку седмици ќе видите колку таа ќе биде послаба од онаа која во меѓувреме нормално сте ја употребувале. Неактивноста доведува до исти последици во целиот мускулен систем.
Се докажало дека редовното вежбање драстично го намалува ризикот од инфаркт и од други кардиоваскуларни болести. Со физичките вежби се намалува телесната тежина, а со тоа постепено се намалува и воспоставува контрола над крвниот притисок.
Најдобра физичка вежба што може да им се препорача на сите, без ограничување е пешачењето. Една стара изрека кажува: “Сите имаме два доктори- лева и десна нога”.