Физичката активност како најдобар начин за превенција на болките во грбот

 

Грбот е еден од најчувствителните делови на телото, па до колку не сакате да ви се појават болки во него, треба да практикувате вежби кои ќе придонесат за одржување на неговата добра состојба.

Еве некои од причините кои доведуваат до болки во грбот:

-намалена физичка активност

-голем физички напор

-неправилен став и држење на телото

-прекумерната тежина

-рамни стапала

-душекот и положбата во која спиете

-високи потпетици

-комбинација од повеќе фактории

 

Одморот дефинитивно не е најдобриот начин за да се спречат болките во грбот. Всушност, лежењето и неактивноста можат да предизвикаат повеќе болки, бидејќи неактивноста води кон атрофија на мускулите и други негативни ефекти, кои ги зголемуваат болките. Многу луѓе со болки во грбот, премногу внимаваат и го штедат грбот, па како резултат на тоа, се повеќе се подложни на повреди и болки.

 

Мускулатурата може да се зајакне исклучиво со активност. Затоа сите оние кои се пасивни и не се атлетски настроени  треба да се мотивираат да се занимаваат со активности како пливање , да посетуваат различни видови на фитнес часови или едноставно самостојно да си вежбаат или да се рекреираат пешачејќи.

Исто така правилното држење на телото се смета како многу важно.

 

Болката во грбот ја намалува концентрацијата на човекот и го онеспособува да работи. Затоа морате да си помогнете сами на себе! Вежбајте!

Само така ќе ги зајакнете мускулите  кои се одговорни да го држат  рбетот исправен!

 

Вежбите за здрав грб можат да се поделат во три групи. Во првата група се вежбите за зацврстување на грбот( кои треба да се повторуваат до изморување на мускулите, но не и до преморување), во втората група се вежбите за истегнување (за бавно развлекување и издолжување  на мускулите) и во третата група влегуваат аеробик вежбите ( во кои се вежбаат цели мускулни групи).

Најважни за здравјето на грбот се вежбите за зајакнување на грбните мускули!

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.