Храна која ја подобрува апсорпцијата на кислород

 

Сè што јадете придонесува на еден или друг начин за правилно функционирање на вашиот организам. Изборот на храна може да влијае на способноста на крвта за транспорт на кислород , со што треба да го снабдува  целиот организам.Хемоглобинот го зема јаглеродниот диоксид, потрошниот производ на клеточниот метаболизам, и го носи во белите дробови за да го ослободи организмот од него. Таму, исто така зема кислород кој го испорачува на клетките на кој им е потребно. Износот на железо во исхраната може да влијае на функцијата на хемоглобинот.

Функција на  Хемоглобинот

Кислородот се усвојува во крвотокот од страна на еритроцитите, или црвените крвни зрнца. Дел од еритроцитите кои се задржуваат врз кислородот се хемоглобинските молекули. Овој микроскопски молекула го зема кислородот од белите дробови и  прави размена на јаглероден диоксид на клеточно ниво.

 

Железо и Хемоглобин

Без хемоглобинот вашите црвени крвни зрнца не можат да го пренесуваат кислородот и без железо во вашиот организам не може да се произведуваат хемоглобин. Кога ќе конзумирате железо, вашиот стомак го претвора во употреблива форма. Тоа  тогаш се апсорбира во крвотокот каде се врзува со транспортните протеини. Овој протеин го спроведува железото до коскената срцевина, тоа е место во вашиот организам каде што црвените крвни клетки се направени.

Препораки

Препораките за конзумирање на железо варираат во зависност од возраста и полот. За возрасни мажи, дозата треба да биде 8 mg на ден. За жените на возраст меѓу 19 и 50, дозата треба да биде  18 mg на ден. Жените бараат повеќе железо отколку мажите, поради загубата на железо преку менструацијата,а трудниците треба да конзумираат 30 мг на ден. По 50 години, препорака за жените е 8 mg на ден.

Храна која ја подобрува апсорпцијата на кислород

Јадењето на  храна која му обезбедува на вашиот организам доволен извор на железо кои му овозможува на вашиот организам да формира хемоглобинот во крвта – тоа ќе ја зајакне способноста на телото да ги апсорбира кислородот од белите дробови. Во содржај од 100гр во морски алги има 60мг желазо,во школки 20мг,во пивски квасец 18мг,во црвена пиперка 14мг, во џигер 12мг( телешки и пилешки), во леќата 7,5мг и во спањакот има 3,7мг железо.

Анемија

Ако не јадете доволно железо, ризикувате за развивање на состојбата позната како дефицит на железо – Анемија. Ова значи дека крвта не е во состојба да транспортира доволно кислород за да ги задоволи потребите на вашиот организам. Вашето тело реагира на недостаток на железо со зголемена срцетева фрекфенција, замор, бледило, раздразливост.

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.