Истегнување пред или после тренинг

 

Тренингот за флексибилност толку често се заборава, како важен елемент на секој тренинг. Може да се запоставува исетегнувањето затоа што сте несигурни, дали треба да се изведе пред или после кардио тренинг. Дали е тоа дел од загревањето или од завршниот дел од часот. Додека дефинитивно се залагаат за истегнување, тоа не е најдобар начин за да се загреете пред да започнете со тренинг. Најдобар начин за загревање е да го започнете часот со  изведување на кардио вежби со мал интензитет, трчање, возење точак или динамични вежби.

По тренингот, дефинитивно треба да применувате истегнување. Тоа ќе ја зголеми флексибилноста, при што ќе го намали ризикот од повреда. Истегнете  ги сите делови од телото по 30 секунди, и не се форсирајте во моментот на точка кога чувствате болка.

 

 

 

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.