Капините се сочно овошје кое расте на грмушки или лоза. Консумирањето капини обезбедува бенефиции кој можат да му помогнат на човечкиот организам да се бори против инфекции и разни забполувања.
Консумирањето капини, овозможува внес на антиоксиданси кои имаат способност да се бори против слободните радикали во клетки на телото. Јадењето капини и нуди на жената соодветен внес на антиоксиданси кој помага превентивно да се спречи рак на грлото на матката и рак на дојка.Јадење капини, исто така, може да помогне во одржување на здрава и силна коски.
Капините имаат висока содржина на растителни влакна. Внесот на растителни влакна во организмот се од суштинско значење за здравата исхрана. Овие растителни влакна, кој се наоѓаат во капините може да помогнат во одржување на правилното функционирање на дигестивниот систем.Тие се познати по брзото ублажување на симптомите од дигестивните проблеми, како што се дијареја и воспаление на цревата. Истоа така го намалуваат ризикот за заболување од рак на дебелото црево и припомага да го регулираме шеќерот во крвта што е од витално значење за луѓето болни од дијабетес.
Тенин е уште една важна супстанца која може да се добие со конзумирање на капинките. Тенинот може да ги зајакне и затегне повеќе видови на ткива од човечкиот организам. Кога конзумираме тенин преку капинките, може да ни помогне да ги одржуваме крвните садови силни и здрави.
Капините исто така содржат и Витаминот Ц кој помага да зе задржи нивото на имунолошкиот систем.Капините одлично се борат против инфекциите како што се воспаление на грлото или иритација на устата. Витаминот Ц е исто така важен дел за одржување на здрава кожа. Јадењето капини ќе му помогне на вашиот имунолошки систем да се борат против надворешните симптоми на настинка.