Лук – извонредно лековито растение

 

Секој човек треба да му биде благодарен на постоењето на ова извонредно лековито растение,затоа што со употреба на истото многумина ги излекувале своите настинки,кашлици,грчеви во желудникот…

Честопати не сме ни свесни дека лукот не е само производ или градинарска култура,туку цел магацин на здравјето.Секако, лукот не треба да се јаде без мера и само со него да се храниме. Тој сепак е зачин, но неговата светска слава е проверувана со векови, а лош збор за него досега не е чуен.

Кратка историја

Ако погледнеме уште во стариот Рим, античка Грција, Египет, Асирија, Индија, Кина, сите јаделе лук. Народните лекари од овие стари држави уште тогаш го препорачувале како најлековито растение, познато по своите магични и зачудувачки својства. Така староримскиот лекар Диоскорид (кој живеел во првиот век од новата ера) прв го споменал лукот, како лековито средство и укажал на медицинската примена –за олеснување на грчеви во желудникот. Според одредени записи, во Грција тој се применувал за против каснување од змија и го нарекувале”змиска трева”  како и тоа дека старогрчките атлети пред тренинг земале ”допинг”-џвакале лук. Истиот бил основен извор на сила и енергија за робовите во стариот Египет.
На сметка на лукот постои и еден запис од 1720год.-тој и оцетот спасиле илјадница жители на Марсеј од распространетата епидемија на чума…

Сулфур

Лукот е едно од малобројните растенија коешто содржи сулфур, кој му е толку потребен на човекот. Во другите производи од растително потекло, сулфурот го има многу малку или воопшто го нема. Ваквиот недостиг може да доведе до тешки последици по човековото здравје.

Хемиски состав на Лукот :

Хранливи материи во 100гр Микроелементи во 100гр Макроелементи во 100гр

 

Белковини

 

6,5 гр 

Јод

9 мкг

Железо

1,5 мг

Кобалт

9 мкг

Калциум

60 мг

Манган

810 мкг

Калиум

260 мг

 

Јаглени хидрати 

 

5,2 гр

Бакар

130 мкг

Магнезиум

30 мг

Цинк

1 025 мкг

Натриум

80 мг

  Фосфор

100 мг

Хлор

30 мг

 

Лековити својства

Неговото лековито својство се употребува за

– против срцеви болести(како чистач на крвните садови,итна помош при срцев напад,против хипертензија…)

– пречистување на црниот дроб

– белодробни и бронхијални болести(атсма,бронхитис,гибење воздух…)

– против болести на локомоторниот систем и  на сврзувакото ткиво

– дишните болести(настинка и грип,анангина,кашлица…)

– кожни болести и итн.

Тагови:
Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.