Медот – храната на боговите

 

Навистина чудесна природна намирница која човекот ја користи повеќе од 10.000 години во исхраната, за што сведочат и цртежи пронајдени во пештерите во Шпанија. Во антички Египет медот им бил приложуван на боговите, бил оставан во гробниците за да им се најде на починатите во задгорбниот живот, или им бил даван на новороденчињата за да ги штити од зли духови. Скоро секој лек содржел мед! Затоа и Египет е познат како земја на мед и млеко. Се искористува нерафиниран и  најверојатно е првото слатко нешто кое го пробал човекот.

Медот се вбројува во природна, високо вредна и лесно сварлива храна, која после консумирањето оди директно во крвотокот, односно тој е најсварлив прехрамбен производ, бидејќи организмот на човекот го усвојува без остаток односно (100%).

Две третини од медот го сочинуваат шеќерите, првенствено гликоза и фруктоза. Нив не им е потребно варење и директно ја пополнуваат резервата на шеќер во џигерот и мускулите. Во медот е откриена и фолна киселина, која е многу битна за раст на организмот,  бидејќи ја подобрува  крвната слика. Капка мед содржи повеќе од сто различни материи многу важни за човечкиот организам.
Како се консумира?

Медот се јаде со дрвена или пластична лажица, никако метална и не се консумира во жешки напитоци (над15˚) бидејќи на тој начин се разложуваат ензимите и се губат лековитите својства!

Тагови:
Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.