Недостаток на глумат (глутаминска киселина)

 

Нервните клетки користат хемикалии наречени невротрансмитери  за да комуницира меѓусебно. Кога импулсот ке стигне до крајот на нервот, ослободува невротрансмитер во празнината, односно во  синапсите, помеѓу две нерви. Невротрансмитерот пренесува порака од првиот нерв преку синапсите на следниот нерв. Глумат, или глутаминска киселина, е еден од главните невротрансмитери. А недостатокот на глумат може да доведе до невролошки дисфункции.

 

Глутамат е амино киселина која ја произведува нашето тело и исто така е достапна од одредени видови храна како што е мангото. Амино киселините се неопходни за продукција на протеинот.Глутамат е поврзан со вашата способност за учење и памтење.

 

Глуматот може само да го стимулира нервните клетки кои се генетски дизајнирани да реагираат кога ќе дојде во контакт со невротрансмитерите. Тие клетки се протеини кои делуваат како глумат приемници. Глутаматот се прикачува за рецепторните клетки за да ги активира.

 

Недостатокот на глумат  е невообичаен. Кога тоа се случува, тој предизвикува симптоми кои се исто така присутни и при други здравствени проблеми. Консултирајте се со лекар за правилна дијагноза и план за лекување и воздржете се од зимање додатоци за глутаминска киселина врз основа на само-дијагноза. Симптомите поврзани со недостаток на оваа амино киселина вклучуваат несоница, проблеми со концентрација, ментална исцрпеност и намалено ниво на енергија.

 

Вашето тело користи други амино киселини како извор за производство на глутамат. Исто така внесувањето на хранливи материи, како месо, млечни производи, јајца и растителна храна богата со протеини, придонесува да внесете во оорганизмот и глутаминска киселина.

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.