Опасни и несакани ефекти од употреба на стероиди

 

Анаболните стероиди, обично се нарекува само стероиди, тоа се лекови кој се врзуваат со тестостеронот и ја зголемуваат мускулната маса, силата, снагата и издржливоста. Додека некои спортисти и бодибилдери гледаат на овие ефекти како придобивка, од овие лекови има големе број несакани последици, кои се многу опасни по нашето здравје.

 

Висок крвен притисок

Стероидите може да предизвикаат висок крвен притисок, бидејќи овие лекови го форсираат организмот да ги задржи солите и водата, и ги зголемува црвените крвни клетки и хематокритот, кој доведуваат до зголемување на крвниот притисок. Долготраиниот висок крвен притисок може да го зголемиш срцето и да доведе до срцева слабост, стврднување на артериите, стеснување на крвните садови, бубрезите, инфаркт и мозочен удар.

 

Заболувања на црниот дроб 

Црниот дроб филтрира сè што оди во телото. Здружението против стероидна вели дека стероидите се поврзани со тумори на црниот дроб и ретката болест наречена пелиоза хепатитис, при што во црниот дроб се формира циста полна со крв. Овие цисти и други тумори на црниот дроб може да прснат и да предизвикаат опасно внатрешно крварење. Пелиоза хепатитис, исто така, може да предизвика откажување на работата на црниот дроб.

 

Несакани ефекти кај Репродуктивниот систем

Стероидите може да влијаат на репродуктивниот систем кај мажите и кај жените. Стероидите се поврзани со тестостеронот, но можат да влијаат и на другите хормони во организмот. Според енциклопедијата за спортска медицина и наука, мажите кој користат тестостерон можат  да доживет тестикуларна атрофија, зголемен број на абнормални сперматозоиди, намалена плодност и гинекомастија(растење на женски гради). Ако жената е бремена и користи стероиди, овие лекови неповратно може да влијаат на плодот, предизвикувајќи при растот ретардација или фатална смрт. Жената исто така може да доживее губење на косата и продлабочување на гласот.

 

Невролошки проблеми

Злоупотребата на стероидитте, може да предизвика промени во патишта на мозокот. Ако стероидите се земаат за време на адолесценцијата, може да се случи промени во способноста на телото да произведе серотонин, предизвикувајќи постојано зголемувања на депресија и агресија. Како невролошки проблеми кај жените кои земаат стероиди може да се вклучат хормоналните промени кои придонесуваат за зголемување на тешка анксиозност и депресија.

 

Проблеми со срцето

Во прилог на гореспоменатото покачување на крвниот притисок кој влијае на срцето, стероидите исто така предизвикуваат покачување на  холестеролот, што дополнително го зголемува ризикот од срцеви заболувања. При голем пораст на мускулната маса придружните стероид го предизвикуваат срцето да работи понапорно за да се обезбеди крв во ткивата, исто така го зголемува и нивото на холестерол во крвта. Срцето не е подготвено за овие ненадејни промени и со текот на времето станува оштетено, потврдува здружение против стероидна злоупотреба.

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.