Пливање во текот на бременоста

 

Вежбањето за време на бременоста е од суштинско значење. Не само што помага да се спречат вишокот на килограми, исто така, им помага за зајакнување на мускулите и кардиоваскуларниот систем во текот на бременоста и  ги смирува некои од болките и непријатностите од бременоста. Пливањето е една од најдобрите и најбезбедните физички активности која можете да ја направите во текот на бременоста, според Барон Аткинс, кој е акушер во “Арлингтон меморијалната болница” во Тексас.

 

 

 

Предности

Многу бремени жени  го обожаваат пливањето, бидејќи се чувствува пријатно додека пливаат. При пливањето  во водата се намалува притисокот врз зглобовите, што придонесува да вашето  тело се чувствува полесно. Но, пливањето, исто така ви нуди и добар кардиоваскуларен тренинг, ја подобрува циркулацијата,  силата и издржливост на мускулите. Бидејќи водата го поддржува вашите зглобови и има мал ризик од паѓање, пливањето е една од најниско ризичните активности кој можат да се применуваат за време на бременоста. Редовното тренирање, исто така, може да придонесе намалување на проблемите при спиење и стресот во текот на бременоста.

 

безбедноста на прво место

Најголемиот ризик од повреда при Пливањето е лизгање на вашиот пат во и надвор од базенот, па се препорачува да се движите бавно и внимателно. Поради потенцијална опасност за стомакот, исто така, треба да се избегне нуркање или скокање во базен и  користење на скалите. Избегнувајте премногу топли базени, кои можат да ја подигнат вашата телесна температура на ризично ниво.

 

Совети за триместар

Во текот на првиот триместар, Пливањето наутро може да помогне во борбата против утринската мачнина и замор. Во текот на вториот триместар, експериментирајте со вашата пливачка техника  за да пронајдете која од пливачките дисциплини е нај погодна за вас и осигурајте се дека не ви поставува непријатности, притисок на вратот, стомакот или грбот – градното пливање често е добар избор. Пливањето е безбедно сè до почетокот на породувањето, така да може да продолжите да пливате во текот на  третиот триместар. Ако пукне водењакот додека сте во базенот, веднаш јавете се на вашиот лекар.

 

Недоразбирања

И покрај разно разните муабети за спротивностите, нема докази дека хлорираните базени се опасни за бремените жени. Всушност, една студија во Данска, објавена во медицинското списание “епидемиологија” во март 2010 година, покажа дека жените кои пливаат во хлорирани базени имаат многу мали  ризици од предвремено породување и одредени фетусни дефекти при раѓање.

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.