Пливање за подобро здравје

 

Подобрување на Физичката подготвеност

Една од добрите карактеристиките на пливањето е во тоа што ги вежбате горниот и долниот дел од телото во исто време. Градно, грбно и краул техниките, користат различни мускулни групи. Ставени заедно, тие придонесуваат да секоја мускулна група од вашето тело биде активна и тренирана. Ако пливате редовна 30 минути дневно, пет дена неделно, може да се очекува подобар тонус на мускулите и зголемување на силата и издржливоста. Вашиот физички изглед ќе има корист, и најверојатно ќе забележете подобрување во флексибилноста на зглобовите. Како аеробен тренинг,  пливањето согорува калории и може да ви помогне да ослабнете или да ја одржите вашата телесна тежина.

 

Го подобрува здравјето

Пливањето е одлична кардио вежба. Со текот на времето, вашето срце ќе стане посилна, а вашата срцева фрекфенција при одмарање ќе се намали. Пливањето помага да се намали крвниот притисок, го подржува добриот холестерол и ја подобрува циркулацијата на крвта. При редовен тренинг ке се подобри и Функцијата на белите дробови,со што ќе се подобри транспорто на кислород во вашиот организам. Како и други видови на кардио активности, пливањето го намалува  ризикот од срцев удар .

 

Обезбедува и други предности

Кога пливате, вашето тело плови и мирува на водата. Додека пливате нема да доживеете потреси или удари на зглобовите како во трчањето, па дури и пешачење. Ризикот од повреда при пливање е исклучително низок. Ова е главната причина зошто пливање често се користи како терапија за  рехабилитација за лица кои заздравуваат од повреди. Пливањето  исто така ви помага ако имаат физички проблеми, како што се болки во грбот или артритис.

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.