Рамнотежата е психомоторича способност на телото и неговите делови ,која ги одржува во стабилна положба на нестабилна површина и успешно се спротиставува на гравитрацијоната сила. Вежбите за стабилност ни помагаат да реагираме побрзо и помага првентивно да ги спречиме повредите во зглобовите. Од вежбите за рамнотежа,може да имаат корист луѓето од сите возраст.
Способноста за одржување на рамнотежа при одење е динамички процес, а доколку е манифестирана во стоечка положба и се изведува некоја поза тогаш процесот е статички. Стабилноста како моторичка способност, некои автори ја делат на стабилност со отворени и со затворени очи.
Примери на вежби за почетници:
– Стоење на една нога.
– Стоење на две нозе, со спуштени раце покрај тело,и со затворени очи.
– Стоење на прсти, со спуштени раце покрај тело,и со затворени очи.
– Одење по права линија со затворени очи.
Предупредување:
Внимавајте при изведувањето на овие вежби можете да паднете, поради тоа се препорачува овие вежби да се изведуваат во простор каде околу вас нема кршливи предмети од кои би можеле да се повредите.