Креатинот, e природнa супстанца кој е составен дел од нашиот организам, и е популареа суплиментација меѓу спортистите. Голем број на спотристи во светот користат креатински додатоци за зголемување на нивните атлетски перформанси. Иако е широко распространет и се користи премногу од страна на професионалните спортисти, не значи дека е безбедно да се конзумира креатинот во големи дози. Пред да почнете да користите креатински додатоци консултирајте се со стручно лице или доктор.
За Креатинот
Иако креатинот беше откриен во 1800-тите, креатинските суплименти станат популарни од 1970, како природни атлетски засилувачи. Креатинските додатоци и натаму се популарни меѓу спортистите, но исто така се користат за лекување на состојби како што се Паркинсоновата болест,.Луѓе со мускулна дистрофија, исто така, може да имаат корист од креатински додатоци, иако докази се измешани.
Несакани ефекти
Несаканите ефекти поврзани со користењето на креатин вклучуваат болки во мускулите, грчеви и вирус. Кај некои корисници се зголемува телесната тежина, иако овој ефект се должи на задржување на водата во мускулите, за јакнење на мускулите. Болки во желудецот и дијареа исто така е можни да се појават при употреба на креатин. За повеќето корисници, креатинот е безбеден во умерени дози. Високите дози, сепак, се потенцијално небезбедни, и може да доведат и до заболување на бубрезите, црниот дроб или оштетување на срцето. Креатинот предонесува мускулите да ја извлечат водата од организмот, затоа е важно да се консумира повеќе вода за да се избегне дехидрација.
Можни интеракции при употреба со други лекови
Користењето на креатин во комбинација со некои лекови може да предизвика опасни интеракции. Никогаш не користете креатин во комбинација со лекови на рецепт без претходно да разговарате со вашиот лекар. Исто така, со користење на кофеин и креатин истовремено можете да го зголемете ризикот од дехидрација.
Користење
За дополнителни употреба, креатинот е на располагање во прав, течност, капсули и во форма на таблетки. Исто така може да се најдат креатинско енергетски чоколадца и други прехранбени производи во вашата продавница за здрава исхрана. Обично возрасните спортисти конзумираат 5 g на креатин монохидрат, 4 пати на ден за една недела. Дозата за одржување на физичките перформансите кај возрасните на иста возраст е 5 g з два пати дневно. Луѓе под 19 годиуни треба да се консултираат со лекар за совет, каде што безбедноста е неизвесна.