Придобивки од примена на Пранајама вежби

 

Пранајама е  јогинска техника која е фокусирана на дишењето. Начините за дишење кои се користат во пранајамата ни нудат многу големи бенефиции. Редовната примена на пранајама вежби, може да го подобри вашето ментално и физичко здравје.

Еве една основна вежба: За да ја научите оваа техника треба да изведите долго и бавно вдишување низ нозрите. Пробајте да направите вдишување и издишување еднакво по должина. Следете го звукот на вдишувањето и издишувањето низ нозрите, и обидете се тоа да биде опуштено и нежно, а не напнато.

 

Применувањето на пранајамата помага вашиот ум да се фокусира и да се зголеми неговата концентрацијата. Редовното применување на вежбите  создава ментална дисциплина, која за возврат го изострува вашиот фокус. Пранајама дишењата се многу слични на медитација, пранајамате го  намалува крвниот притисои и може да не ослободи од хронични болки како артритис, фибромијалгиа и главоболки.

 

Во Мериланд универзитетот за медицина, утврдија дека примената на пранајама  ја зголемува количината на кислород во мозокот и низ целото тело. Пранајамата ви помага да дишете по ефикасно, да имата подобро ниво на енергија и да го зголемите нивото на капацитетот на белите дробови.

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.