Деформитет познат како „рамни стапала„ карактеризира спуштање на сводот и заземање на валгусна положба при стоење.
Причина за настанување:
На појавата на овој деформатитет влијае наследниот фактор, но и физичката неактивност, дебелината и неадекватната обувка.
Одстранување:
Одстранувањето се спроведува со ортопедски чевли со влошки и физикална терапија,
започнува во најраната возраст со формирање на сводовите на стапалото (до 3-4 години) со вежби за зајакнување на сите структури на стапалото во облик на одење на прсти/пети и нарочито боси по нерамна површина, пред се заради активирање и јакнење на мускулатурата на стапалото.
Општо добри спортови за правилен развој на стапалата се:
Танцување, Пешачење по рамно, одење на прсти по угорница, Возење велосипед, Скијање
Постојат и доста други нетолку значани искривувања на телото, на дланките, прстите и сл. Но тие не ја загрозуваат работата на телото како што тоа можат да го направат рамните стапала.