Рстворливи и нерстворливи растителни влакна

 

 Растителните Влакна, кои се наоѓаат во овошјето, зеленчукот, житариците и мешунките, се смета за еден вид на јаглени хидрати кои не се апсорбираат од страна на организмот. Постојат два типа на растителни влакна,  растворливи и нерастворливи. За поздрав живот, се препорачува повеќе од 20 грама растителни влакна секој ден за деца испод 10 години кај жените и повеќе од 30 грама дневно кај мажите за оптимално здравје на дебелото црево и за да се спречат одредени болести.

 

Растворливи растителни влакна

Растворливите растителни влакна при вареше на хранатаи се раствораат  и се претвораат во гел. Овој гел може да ја забави апсорпцијата на шеќерот во крвта, и може да ви помогне да се ослободите од него. Ако имате шеќерна болест, овие растителни влакна можат да ви помогнат, да се задржи нивото на крвниот шеќер на стабилно ниво. Во прилог на ова, овој гел кој е формирана од растворливи растителни влакна, ги собира “лошиот” ЛДЛ холестерол од вашиот организам и ни помага да се ослободиме од него. Ова помага го намалите вашиот целокупен холестерол во крвта.

 

Нерастворливи растителни влакна

Нерастворливите растителни влакна остануваат релативно непроменети во вашиот дигестивен тракт, каде ја зголемуваат обемноста на вашиите цревата и го контролираат балансот на pH вредноста на вашата цревата. Храната богата со нерастворливи влакна, исто така може да помогне во намалување на вишокот килограми. Варењето на овие нерастворливи растителни влакна трае подолго, и ќе ви овозможи да се чувствувате заситени,без прејадување.

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.