Спирулина, најкомплетиран нутрицистички додаток

 

Спирулината, исто така e познат како Arthrospira е сина алга, која содржи различни витамини, минерали, протеини, омега-6 масни киселини и есенцијални аминокиселини. Спирулината се препорачува како додаток за општо здравје и за да се спречат или ублажат специфични здравствени заболувања.Спирулината помага во подобрување на астма, шеќерна болест,  има  способност да се бори против вирусите и го зајакнувана имунолошкиот систем.

 

 

 

Астма

Иако е позната низ вековите како додаток во исхраната, спирулина стана попопуларен по вклучувањето во исхраната на астронаутите од НАСА за време на вселенските мисии. Врз основа на некој научни истражувања, 1 g спирулина секојдневно, ја подобри функцијата на белите дробови и ги ублажува умерените случаи на астма. Во други случаи, спирулината помога при намалување на воспаление на дишните патишта.

Дијабетес

Спирулината покажа некои позитивни ефекти кај дијабетичарите, особено кога оваа состојба е поврзана со покачен холестерол во крвта. Способноста за намалување на  нивото на гликозата, можеби се должи на растителните влакна кој  се пронајдени во оваа алга, и гама линолова киселина, и омега 6 масни киселини може да биде одговорна за намалување на холестеролот, сугерира Drugs.com.

Спирулината е Антивирусна

Спирулината има способност да убие различни вируси. Allophycocyanin, е активно соединение од спирулина кое има способност да го инхибира  ентеровирусните кај луѓето според една студија објавена од страна на истражувачкиот тим од Тајван, во мај 2003 издание на “списание за медицински вирусологија.” .Спирулината има антивирусно дејство против херпес симплекс, цитомегаловирус, заушки, сипаници, инфлуенца А вируси, како и ХИВ.

Други здравствени придобивки

Спирулината се смета како најкомплетиран нутрицистички извор во исхраната и има антиоксидансно, антибактериски, антиинфламаторно, анти-алергиско и можеби антиканцерогени својства, според една студија објавена од страна на истражувачкиот тим од Универзитетот Jiwaji, Gwalior, во Индија во октомври 2008 година.

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.