Суви смокви како здрав додаток во вашата исхрана

 

Смоквите потекнуваат од Арабија и растат во топли области. Иако се смета за овошје, смоквата всушност е превртен затворен цвет, а семето го содржи плодот. Без разлика дали е Цвет или овошје, смоквата е богата со хранливи состојки, и може да ви помогне да се исполнат некои од основните хранливи потреби, .

 

 

 

Богата со растителни влакна

Во 100 g суви смокви содржи 10 g растителни влакна. Вклучувајње на поголем внес на растителни влакна во вашата исхрана може да ви помогне во намалувањето на ризикот од хронични болести како што се срцеви болести и дијабетес. Сувите смокви содржат растворливи и нерастворливи растителни влакна.Растворливите растителни влакна го забавува варењето ,го намалува апетитот и го контролира шеќерот во крвта, а исто така помага при намалувањето на крвниот холестерол. Нерастворливите растителни влакна ја подобруваат функцијата на цревата. Здрава возрасни жени треба да конзумира 21 до 25 g растителни влакна дневно, а возрасните мажи 30 до 38 g растителни влакна дневно.

Одлични за вашите коски

Смоквите содржат повеќе калциум од повеќето други видови овошје, содржи 250 mg во 100g смокви. Соодветна количина на калциум го подобрува здравјето на коските и растот, и го намалува ризикот од појава на остеопороза. Возрасните луѓе треба да конзумираат од 1.000 до 1.200 мг калциум дневно. Вклучувајќи разновидна храна богата со калциум во вашата исхрана, како и суви смокви, може да помогне да се осигурате дека ќе ги задоволите вашите дневни потреби.

Го намалува крвниот притисок

Консумирањето суви смокви може да ви помогне да ги задоволите вашите дневни потреби за калиум и помага во намалувањето на крвниот притисок. Калиумот е минерал кој помага во одржување на балансот на течностите во организмот. Зголемувањето на вашата дневна доза на калиум може да помогне во намалување на ефектите на натриумот, помагајќи да се намали крвниот притисок. “Американското здружение за срце” објави дека здравата исхрана треба да содржи 4700 мг на калиум на ден од природн потекло.

Добар извор на железо

Сувите смокви, исто така, може да ви помогне да ги задоволат вашите дневни потреби за влез на железо. Во 100 g суви смокви содржи 1,9 mg железо. Железото е основен минерал, и е потребно за транспорт на кислород во крвта. Без доволно железо во вашата исхрана, испорака на кислородот до клетките се намалува, предизвикува да се чувствувате уморни и слаби и поподложни на инфекција. Возрасните мажи и жени на возраст над 51 треба да конзумират 8 mg железо на ден, а жените на возраст меѓу 19 и 50 треба да внезуваат 18 mg железо на ден.

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.