Вечерата не е неопходна за возрасните лица, зошто појадокот и ручекот ги задоволуваат сите потреби од хранливи состојки. Децата и лицата кои извршуваат напорни физички работи можат да бидат исклучок од ова општо правило.
Воздржувањето од вечера им обезбедува подолг одмор на органите за варење, па храната што сме ја зеле во предходниот оброк подобро се асимилира.
Најдобар начин ако сакаме да ослабиме е да ја прескокнеме вечерата. Калориите внесени навечер не се искористуваат и се претвораат во масти кои се таложат во организмот. Во секој случај, вечерата ако се зема треба да биде лесна и најмалку два часа пред спиење. За време на спиењето процесите се забавени, а ако вечераме доцна продуктите остануваат во желудникот. Тоа води кон гниење на храната, што предизвикува горчлив вкус во устата, непријатен здив и тежина во желудникот. Подобро се спие кога стомакот ни е празен.
Децата и младите во развој, потоа лицата кои се занимаваат со тешка физичка активност, трудниците и доилките треба да земаат хранлива вечера. Кон својот оброк можат да додадат тестенини, производи од соја, јајце, млеко, јогурт, бело сирење или јаткасти плодови.