Модернизиран низ годините, велосипедот и денес е средство кое за кратко време може да ви даде добра фигура и да ве исполни со добра енергија.
Велосипедот вклучува контролно движење во стабилна позиција. Бидејќи поголемиот дел од тежината на телото е на велосипедот, има помалку тешкотија на грбот и колковите. Возењето со одредено темпо, го забрзува ритамот на срцето и дишењето и е добар начин за подобрување на кардиоваскуларното здравје и зацврстување на нозете. Го зајакнува срцето, го намалува крвниот притисок и го одржува тонусот на бедрата, задникот и стомакот. Посебно жените имаат многу бенефиции од оваа активност.
При возењето не се напрегајте премногу, држете си едно темпо кое најмногу ви одговара и од време на време одморете на некоја клупа и напијте се вода. После ова ќе се чувствувате духовно исполнети и ќе спиете како бебе. Активацијата на вашите мускули ќе биде добредојдена, после 8 часовно седење на работното столче.
Дали е безбедно да се вози велосипед ако имате проблеми со колената?
Болката во колената може да ги оттргне луѓето оф вежбање, но неактивноста може да доведе до вкочанетост на зглобовите, слабост на мускулите, зголемена тежина и хроничен замор. Во споредба со други вежби велосипедизмот е пријател на колената и често се користи при рехабилитација. Најдобро е да избегнувате ридови ако имате проблем со колената. Ако имате вештачко колено или колк, консултирајте се со доктор или физиотерапевт предходно.
Life is like riding a bicycle. To keep your balance you must keep moving!
-Albert Einstein-