При испитувањето кај луѓето со нормална бубрежна функција, на кој им се зголеми внесот на протеини, не се покажа декаа им наштетува на бубрезите. Сепак, ако имате бубрежни заболувања, зголемениот протеински внес може да ја забрза стапката на функцијата на бубрезите. Зголеменото количество на протеини, дури и во 1 грам на телесна тежина, предизвикува хиперфилтрација во бубрезите. Според моите сознанија, никој нема направено некој долгорочни испитувања кај здравите луѓе да докаже дали оваа хиперфилтрација доведува до заболување на бубрезите. Кај дијабетичарите, докторите ја зголемуваат хиперфилтрацијата во почетните фази на болеста, каде функцијата на бубрезите полека опаѓа. Значи хиперфилтрацијата предизвикува оштетување на бубрезите. Во овој случај пожелно е да се ограничи внесот на протеин на не повеќе од 1 до 1.5 грама на килограм од телесна тежина.