Витаминот Ц ги активира функциите на сите клетки. Тој е моќен антиоксиданс кој ги кочи биохемиските процеси на стареење на клетките. Игра голема улога во создавање на колаген кој е важен за развивање и обновување на кожата, а таа станува затегната, поздрава, и поубава, а коските, тетивите, рскавиците и крвните садови ( капилари) стануваат поцврсти и појаки. Ја подобрува апсорпцијата на железото во цревата и го засилува одбранбениот систем на организмот, ги неутрализира отровите од крвта, го помага зараснувањето на раните и влијае врз многу други битни физиолошки функции. Значително помага во превентивата и лечењето од настинка, грип и грозница.
Кога е потребно дополнително да се зема?
Зголемени потреби најчесто се јавуваат кај: стресни ситуации, разни заболувања(инфекции) и повреди, зголемена телесна температура, хируршки зафати, бремени и жени што дојат, спортисти, пушачи.
Заради зголеменото телесно и психичко оптеретување спортистите имаат голема потреба за витамин Ц. Пушачите исто така имаат хроничен недостаток од витаминот Ц затоа што тој се троши за неутрализирање на отровните тешки метали од чадот на цигарите.
Извори на витаминот Ц
Растенијата се добар извор на витаминот Ц, иако неговата количина варира кај пооделни видови на растенија во зависност од климатските услови во кои расте растението, од квалитетот на почвата, од свежината на плодот ( со стоење на набраниот плод витаминот оксидира), како и од начинот на обработка на плодот ( варење, сечкање, мелење).
Растение |
Количина на
|
Шипинка |
2000 |
Магдонос |
130 |
Киви |
90 |
Брокула |
90 |
Јагода |
60 |
Портокал |
50 |
Лимон |
40 |
Диња |
40 |
Грејпфрут |
30 |
Малина |
30 |
Мандарина |
30 |
Спанаќ |
30 |
Манго |
20 |
Компир |
20 |
Домат |
10 |
Боровинка |
10 |
Ананас |
10 |
Табелата приближно ги покажува релативните количини на витаминот во пооделни растенија
Што му наштетува?
Витаминот Ц е многу чувствителен. Се губи со варење (оксидира), на топлина, со мелење, при допир со воздух, во алкални и при контакт со бакар..Го разоруваат и некои соединенија што се користат при конзервирање. Се инактивира ако се употребува со млеко.
Симптоми од недостаток
Симптомите од недостатокот од витамин Ц се јавуваат како замор, како физички така и интелектуален, крвавење, склоност кон инфекции, забавен раст кај детето.