Ролерите имаат долга историја во поглед на дизајнот и брзината, бидејќи тие за прв пат беа патентиран во 1819 година во Париз. Поминаа дрвени рамки и расклатени метални тркала, кој се заменија со пластични делови и силиконски тркалца кои ни овоозможуваат да се движиме брзо. Резултатот од возење ролери е енергично кардиоваскуларен тренинг или аеробна активност, ролерите ни овозможуваат неколку здравствени придобивки.
Кардиоваскуларен Фитнес
Како форма на аеробна активност, возењето на ролерит ја зголемува кислородната потрошувачка и циркулацијата на крвта низ вашето тело. Аеробните активности обезбедуваат големи придобивки за твоето срце, бели дробови и циркулаторниот систем. Како такви, ролерите помагаат да се намали ризикот од кардиоваскуларни заболувања, како што се висок крвен притисок, срцев удар или мозочен удар.
Контрола на тежината
Аеробните активности како што се возењето на ролери, согоруваат повеќе калории од анаеробни вежби како што се вежбите со тегови. Возењето на ролери е особено ефективно за согорување на калории. Личност од 80 кг, на пример, може да согори 913 калории во еден час на ролери. За споредба, тој ќе согори само 584 калории со џогирање во 6 км на час или 277 калории со одење со брзина од 3,5 км/ч. за истиот временски период.
Рамнотежа и координација
Ролерите, исто така помагаат да ја подобрите вашата рамнотежа и координација, кој спречуват паѓање и повреди. Поради слабата рамнотежа и координација,може да дојде до повреди на зглобовите, лигаментите, тетивите или мускулите; појава на болести како што е артритисот или остеопороза. Вклучувајќи ролери во вашата фитнес програма може да биде забавен начин да работите на вашата координација.
Мерки на претпазливост
Ако не сте доволно физички спремни или вашата медицинска прогноза е остеопороза, артритис или дијабетес, консултирајте се со лекар пред да почнете да возите ролери. Избегнувајте да возите ролери по улиците се додека не станете поискусни.Се препорачуваат локална трим патеки или отворен простор во парк.