Месото како храна за спортистите

Сите истражувања извршени до сега , а и сите стручни лица од областа на спортот и нутрицизмот ( наука за исхраната) се сложуваат во тоа дека месото  е храна која што треба да биде на менито на секој спотрист, треба да се сложиме дека не секое месо е добро за спортистите. Некои месни производи, кои што имаат поголемо ниво на масти им се препорачува на спортистите да ги избегнуваат.

 

Но иако месото е богато со сите витамини кои му се потребни на организмот на еден спортист за зголемување на својата енергија, тоа по некогаш знае и штетно да се одрази на неговите перформанси. Доколку спортистот го презасити својот организам со премногу масти од месото, тој ќе го успори својот организам и ќе има тегови во стомакот за време на активностите.

Затоа најдобро би било да се избегнува месото со големо ниво на масти како што е свинското, а повеќе да се користи она месо кое содржи помалку масти како што е пилешкото месо, телешкото месо,  рибиното месо итн.

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.