Ефикасен метод за заштита од депресија е физичката активност.Колку e поголема, толку e помал ризикот од депресија.Дури и 30 минути прошетка 3 пати неделно е ефикасно во лечењето на депресија.
Вежбата ја зголемува активноста на невротрансмитерите допамин и серотонин кои се одговорни за чувството на среќа и смиреност.
Веројатно и сами сте забележале дека по напорна вежба или работа, иако сте физички уморни, се чувствувате психички добро.
Дел од вежбите ја зголемуваат самодовербата и чувството за контрола, како и ендорфините во крвта
Медитација пак е ефикасна исто колку и лекови во намалувањето на депресијата. Јогата е одлична за расчистување на мислите, но ако не е по ваш вкус, тогаш можете да одделувате по десет минути секое утро за длабоко дишење. А ако не ви се стои во место и сакате да се движите, пробајте го овој метод на медитација: бавно пешачете 20 минути (без музика), гледајте во земјата два метри пред вас и фокусирајте се на подигањето и спуштањето на вашите стапала.
Ветете си дека ќе излезете барем три пати дневно! Обидете се да излезете што е можно почесто, бидеќи и малку сончева светлина може да помогне да се чувствувате подобро.